Во сообраќајна несреќа загина новоизбраниот градоначалник на Јоханесбург

Градоначалникот на Јоханесбург, Џолиде Матонго, почина денеска во сообраќајна несреќа на 46 -годишна возраст.

Пред инцидентот, тој водеше кампања со претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафос, пред изборите на 1 ноември.

„Тешко е да се разбере оваа трагедија, со оглед на виталноста и страста со која градоначалникот Матонго разговараше со мене и со жителите на Совето непосредно пред неговата смрт“, изјави претседателот на Рамафос, пренесува Би -Би -Си.

Тој додаде дека никој не е подготвен за оваа „ненадејна загуба“, особено затоа што економскиот центар на државата загуби уште еден градоначалник за само два месеци.

Детали за несреќата не се соопштуваат, а локалните медиуми покажаа само слика од уништениот автомобил.

Матоного стана градоначалник на 10 август, откако неговиот претходник почина како резултат на ковид-19.

Тој беше син на мигрант од Зимбабве и стана активист на 13 -годишна возраст кога се борел против апартхејдот, систем што го спроведуваше владејачкото малцинство на белци во Јужна Африка во 20 век.

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на „Мајски оперски вечери“

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет. 

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена.

Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

Ѓоковиќ нема сериозна повреда по инцидентот со фрлено шише на Мастерсот во Рим (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.

На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.

По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:

- Ова беше една случајност. Се одморам во хотелот со мраз на главата. Се гледаме в недела – напиша српскиот тенисер на Икс.

Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.

САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари

САД синоќа објавија нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари.

Во новиот пакет се вклучени и ракети со дострел до 300 километри, што е двапати повеќе во споредба со истиот тип оружје снабдено во октомври.

-Новиот значаен пакет оружје и воена техника треба да го подржи храбриот украински народ за заштита на својата земја од руската агресија. Соединетите Држави и коалицијата продолжуваат да стојат на страната на Украина за заштита на нејзината слобода, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.

Ова е веќе трета транша помош за Украина од 24 април кога претседателот на САД Џо Бајден го потпиша законот за доделаување воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.

Истиот ден Пентагон соопшти за испраќање на Киев пакет воена помош од една милијарда долари во кој меѓуругото се вклучени ракетните артилериски системи HIMARS, оклопните транспортери Bradley, високопрецизни ракети за авијација и друго оружје.

притисни ентер