Вулкан еруптираше во источна Индонезија

 Вулканот Ибу во источна Индонезија еруптираше денеска, исфрлајќи облак од пепел до 3,5 километри над кратерот, соопштија властите.

Ерупцијата, која започна во 12:37 часот по локално време, траеше повеќе од три минути, се вели во денешното соопштение на службеник на контролен пункт во близина на вулканот во северниот дел на Молука.

„Ги замолуваме жителите и туристите во близина на вулканот Ибу да не вршат никакви активности во радиус од два километри (околу кратерот)“, додаде службеникот.

Нивото на тревога прогласено по ерупцијата на вулканот на надморска височина од 1.325 метри останува второ на скала на четири нивоа. По ерупцијата не беше наредена евакуација.

Сепак, властите го повикаа населението да носи маски и очила кога излегуваат надвор за да се заштитат од паѓање на вулканска пепел.

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, други две снимале

Татко пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била истепна од нејзини соученички од средното училиште каде учела.

Тој за инцидентот дознал откако му го пратиле видео материјалот каде се гледа дека неговата ќерка била физички нападната од две малолетнички. Настанот е потврден и од страна на полицијата и се превземаат соодветни мерки за случајот, веалт од МВР. Психолозите велат дека многу често на оваа возраст емотивните проблеми се решаваат со физичко насилство.

За Стојановска најважна е превенцијата е тоа значи дека треба да системско решение во целиот образовен процес, но и во домот децата учат од родителите како да се однесуваат во емотивни тешки состојби. Иако и самите интернет медиуми имаат големо влијание. Стојановска вели дека добро е да има контрола од страна на полицијата пред училишта, автобуски постројки така сите ќе имаат поголема сигурност.

Физичките пресметки стануваат се почести помеѓу младите без разлика дали се машки или женски. Исто така и снимањето со телефон е загрижувачки што другите не реагираат да се спречи тепачката туку се навивива, велат психиолозите. Последната тепачка во центарот на Скопје со физичка пресметка се уште чека судска пресуда.

Експерти: Потребни се конкретни мерки за намалување на еколошкиот криминал

Македонија треба да посвети сериозно внимание на еколошкиот криминал, кој е во подем години наназад. 

Државата мора да преземе конкретни мерки за превенција на уништувањето на животната средина од секаков тип.

Ова е заедничкиот став на експерти од животната средина, полицијата, судството и обвинителството.

Според нив, блага е казнената политика за кривични дела поврзани со загрозување на животната средина и мора законски промени за нивно намалување.

Освен тоа, познавачите бараат – новата влада да се ангажира и да формира посебна единица која ќе се занимава исклучиво со еко-криминал.

Покрај загадувањето и палењето на шумите, еден од најгорливите проблеми во земјава е неконтролираната сеча на дрва. Во изминатите години, шумската полиција во повеќе наврати имаше акции за фаќање на дрвокрадците, кои не бираат планина за пустошење.

Сепак, како што додаде и судијата Шабани, мора да се смени казнената политика, затоа што, дрвокрадците поминуваат или неказнето, или најчесто со условни казни и парични глоби.

НБРМ: Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто

Економски раст од 2,6 % годинава и 3,6 % следната година–Народна банка со надолни корекции за растот на македонската економија во најновиот квартален извештај, наспроти октомврските очекувања, кога се предвидуваше раст од 3 % годинава и 4 % следната.

Ваквите бројки според гувернерката Анита Ангеловска Бежоска се должат на послабите остварувања минатата година и бавното спроведување на инфраструктурните проекти.

Инфлацијата останува на 3,5 проценти, со очекување дека во следните две години таа ќе се сведе на историскиот просек од 2 проценти. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, вели иако во моментов нема, во следниот период се очекува и пад на цените на храната.

„Според меѓународните финансиски институции се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година што секако остава простор за одредени надолни корекции кај цените на храната, но како што знаете ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори, “-изјави Анита Ангелоска – Бежоска – Гувернерка на НБРМ.

Во однос на најавите на идниот мандатар Христијан Мицкоски, дека државата планира ново задолжување, од странска држава, по принципот Влада со Влада, во вредност од 1 милијарда евра, Бежоска вели во време кога се уште постојат економски ризици мора да се внимава при задолжувањата. Важно е, според Народната банка, фокусот да се стави на соодветни извори за финансирање.

„Клучното во услови кога мешународните финансиски пазари се се уште затегнати, каматните стапки се се уште високи клучно е да се задолжуваме , се разбира прво намената мора да биде оправдана нешто што ќе го зголеми потенцијалот на државата и второ да се фокусираме на извори кои што ќе обезебедат поволни концесионални услови за финансирање на нашата економија, а меѓународните финансиски институции вообичаено обезбедуваат такви услови за финансирање, секако ако има и други такви извори треба да се зеамт во предвид,“- изјави Анита Ангелоска – Бежоска – Гувернерка на НБРМ.

Денарот е стабилен, таков и ќе остане. Од Народната банка посочуваат дека во втората половина од годината постои можност за олабавување на монетарната политика, но тоа ќе зависи повеќе фактори.

притисни ентер