WhatsApp има нова опција за испраќање фотографии со подобар квалитет

Милиони луѓе ширум светот се корисници на популарната апликација WhatsApp и добро ја знаат фрустрацијата од испраќањето фотографии на пријателите кои често се матни.

За среќа, деновите кога моравме да користите дополнителни апликации за уредување фотографии конечно се минато благодарение на големото ажурирање на WhatsApp.

Марк Закерберг, извршен директор на матичната компанија на WhatsApp, Мета, објави дека сега може да се испраќаат фотографии на WhatsApp во HD квалитет.

Закерберг ја сподели веста на својата Фејсбук страница објавувајќи видео на кое се гледа како функционира новата функција.

Сè што треба да направите е да ја отворите апликацијата WhatsApp и да допрете на разговорот во кој сакате да испратите HD фотографија. Допрете го симболот „+“ во долниот лев агол на екранот, а потоа изберете „Фото и видео“.

Откако ќе ја изберете фотографијата што сакате да ја споделите, треба да ја видите новата HD опција на горниот дел од екранот. Изберете го, потоа допрете ја иконата со сината стрелка во долниот десен агол на екранот и фотографијата ќе биде испратена во HD.

„За да се осигураме дека споделувањето фотографии на WhatsApp останува брзо и сигурно, стандардниот квалитет ќе продолжи да биде стандардна опција за испраќање фотографии“, објасни WhatsApp.

„Ако примите фотографија кога има низок пропусен опсег, можете да изберете да ја задржите стандардната верзија или да ја надградите на HD“, додаваат тие.

Како и секогаш, овие фотографии ќе бидат заштитени со шифрирање на WhatsApp, што гарантира дека само вие и лицето со кое комуницирате можете да ја видите HD фотографијата.

HD-фотографиите се појавуваат на глобално ниво во текот на следните неколку недели, а HD-видеата ќе бидат наскоро, објави Андроидполис.

Ристевски: Од Сиљановска очекувам да биде коректив на државата

„Секој што има интелектуален капацитет ако е ставен на место за кикирики, таа системска вредност дополнително корумпира“

Од Гордана Сиљаловска како претседател и лидер на оваа држава очекувам на местата, а верувајте многу луѓе релативизираат што прави претседателот кој го знае системот и општеството на местата во судството или било која институција да предлага луѓе кои се контролен механизам. Треба да предлага луѓе кои нема да се само име или биографија, како што фунцкионираат политичките структури кога немаат кадар, избираат по етничка припадност или професија. Дај моралните, естетските и човечките аспекти да видиме дали ќе си ја врши работата. Секој што има интелектуален капацитет ако е ставен на место за кикирики, таа системска вредност дополнително корумпира. Како претседател од Сиљановска очекувам да биде коректив на државата, да се залага меѓу другото за уставни проемни за ингеренциите на идниот претседтаел. Единствено претседателот има ингеренција од народот, пратеник има 6-7000 гласови, претходниот премиер имаше околу 200 илјади гласови, рече Александар Ристевски во Само Вистина.

Мерил Стрип се појави по 35 години во Кан, сите ја забележаа 75- годишната ѕвезда

Мерил Стрип последен пат била на Канскиот филмски фестивал во 1989 година. Се до денес. Кога ги привлече сите погледи.

Таа денеска ја доби почесната „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, каде што е почесен гостин, а сите беа фасцинирани од изгледот на познатата актерка.

Оваа 75-годишна жена покажа дека ентузијазмот не е резервиран само за младоста, туку и искуството и животот и професионалното богатство и како тие имаат што да кажат.

Актерката се појави во бел костум и сино-бела кошула, а белата шапка, во комбинација со очила за сонце, беше полн моден хит. Високите сребрени потпетици му дадоа на стајлингот белег на гламур и ја истакнаа врвната форма на актерката во осмата деценија.

Шарм, самодоверба и уживање во вниманието зрачеше од секое нејзино движење.

Во Кан пред 35 години Мерил ја доби наградата за најдобра улога во филмот „Un cri dans la nuit“, што беше нејзино единствено појавување на фестивалот во Кан досега.

Мерил ја доби почесната Златна палма по Жана Моро, Марк Белокио, Кетрин Денев, Жан-Пјер Лео, Џејн Фонда, Анјес Варда, Форест Витакер и Џоди Фостер, се вели во објавата на Канскиот филмски фестивал.

Кустос на американски музеј е обвинет за шверц на стотици пајаци и скорпии од Турција (ВИДЕО)

Експерт за скорпии и пајаци на Американскиот природонаучен музеј, Лоренцо Прендини, е уапсен денеска во Истанбул при обид да прошверцува примероци од двата вида од Турција.

Прендини бил приведен од полицијата на аеродромот во Истанбул поради наводен обид да изнесе околу 1.500 примероци надвор од земјата, јавува Би-Би-Си.

Во видеото објавено од новинската агенција Демирорен, може да се видат полицајци како го пребаруваат рачниот багаж и ги вадат пластичните кеси кои изгледаа дека се полни со мртви пајаци и скорпии, пишува Гардијан.

На веб-страницата на музејот, Прендини е наведен како куратор на збирките на пајаци, скорпии и стоногалки.

Забележано е дека тој посетил повеќе од 30 земји со цел да истражува пајаци и да ги класифицира скорпиите.

притисни ентер