За една година еден милион пушачи помалку во Франција

Во Франција бројот на пушачи во периодот од 2016 до 2017 година, опаднал за милион, покажуваат резултатите од истражувањето, а ваков голем пад на бројот на пушачи не е забележан во последната деценија.

Со тоа опаднал и бројот на пушачите меѓу тинејџерите и лицата со ниски приходи, соопштила Агенциајта за јавно здравје на Франција, која го спровела истражувањето.

Како најверојатна причина за откажувањето од пушењето, на толку голем број на Французи, според студијата се низата мерки против пушењето кои ги вовеле француските власти, како што се меѓу останатите, надоместокот за луѓето кои користат замена за цигарите и зголемувањето на цената.

Според резултатите на истражувањето, во 2017 година 26,9 отсто од пушачите на возраст од 18 до 75 години пушеле секој ден, во споредба со 29,4 отсто пушачи колку што биле забележани година дена претходно.

Тоа значи дека во текот на тој период бројот на пушачи опаднал од 13,2 на 12, 2 милиони.

Францускиот министер за здравство, Агнес Бузин, посебно го поздрави намалениот број на пушачи меѓу оние со ниски приходи, изјавувајќи дека “тутунот е траекторија за нееднаквост“, посебно за оние кои веќе се во неповолна положба, на кои додатно им се влошува ситуацијата.

Ширум светот, пушењето предизвикува еден од 10 смртни случаи, а половина од нив се само во четири земји – Кина, Индија, САД и Русија.

Кои се другите жртви што загинаа во хеликоптерската несреќа со Раиси

Неколку високи ирански функционери, исто така, загинаа заедно со иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа во шумата Дизмар, лоцирана меѓу градовите Варзакан и Џолфа во провинцијата Источен Азербејџан.

Покрај Раиси, загинаа иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на Источен Азербејџан Малек Рахмати, претставникот на иранскиот врховен лидер во Источен Азербејџан Мохамад Али Але-Хашем, шефот на претседателската гарда Мехди Мусави, пилотот на хеликоптерот, копилотот и екипажот.

Раиси и неговите сопатници се враќале од настан со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Најмногу дожд во Берово

Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Берово, 14 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, Крушево, Маврови Анови и Гевгелија, еден литар на единица површина.

До 08:30 часот се измерени и 8 литри на метар квадратен во Лазарополе, 7 во Штип, 3 во Струмица, како и 2 во Куманово, Битола, Демир Капија и Кавадарци.

Според УХМР, утрово е најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, 10 степени целзиусови, а максимални 18 степени е во Тетово и Скопје-Зајчев Рид.. Единаесет степени е во Берово, 12 во Маврови Анови, 13 во Крушево и Крива Паланка, 14 во Битола и Охрид, 15 во Прилеп, Виница и Струмица, 16 во Штип, Дебар, Кавадарци и Претор, како и 17 степени во Дојран, Велес, Куманово, Демир Капија, Гевгелија и Скопје-Петровец,

Во текот на денот ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 26 степени.

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Концертниот настап на „Хрватски гитарски квартет“ ќе биде посветен на жената, како синоним на духовноста.

Во организација на платформата „За тебе“ за првпат на 28 мај, во Скопје ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ.

Новооформената платформа „За тебе“, како што наведуваат организаторите, се залага во континуитет да промовира атрактивна, пред се, музичка културна содржина и меѓународни гостувања на светски и регионални докажани музички артисти.

Концертниот настап на „Хрватски гитарски квартет“ ќе биде посветен на жената, како синоним на духовноста. Недвојбено, жената како гласот на мудроста, одмереноста, грациозноста, нежноста, стаменоста, храброста и истрајноста - жената како борец, хероина против неправдата, која исправено стои, борејќи се за социјални и општествени промени.

На програмата ќе бидат изведени дела од: Луиџи Бокерини, Антонио Вивалди, Астор Пјацола, Рафет Руди, Мирослав Милетиќ, Гордан Тудор, Сергеј Прокофјев и Зоран Јураниќ.

Гитарската четворка Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ го одржале својот прв заеднички концерт во 2016 година и оттогаш имаат отсвирено бројни турнеи низ Хрватска, Италија, Словенија, Чешка... вклучително и неколку премиерни изведби на дела од композитори како Викторија Чоп, Гордан Тудор и Зоран Јураниќ, како и настапи со Загрепските солисти и Вараждинскиот камерен оркестар.

Ја добија наградата „Орландо“ на Хрватската радио-телевизија за нивниот концерт на фестивалот „Дубровничко лето“ во 2017 година. Од 2020 година, овој ансамбл настапува под името „Хрватски гитарски квартет“ и истата година го објавија албумот „Guitarrismo“ за „Кроација рекордс“, кој доби две номинации за „Порин“.

Во 2022 година, објавија албум под името „Багатели за домашна употреба“ („Кантус“). „Хрватски гитарски квартет“ изведува дела од сите музички епохи, со посебен акцент на делата на хрватските композитори.

Концертното гостување се реализира со поддршка на „Смаргд 1969“, „Мерлин солушн“, „Гигабел“ и Why агенција.

„Хрватски гитарски квартет“ ќе настапи на 28 мај во 20.30 часот на големата сцена во Филхармонијата.

притисни ентер