За прв пат во историјата трансплантирани четири органи од починат донор

Со длабок наколон до починатиот донор чии органи спасија 4 животи, трите хируршки тима од кардиохирургија, дигестивна хирургија и урологија синхронизирани како часовник успеаја да го изведат првиот подвиг на четири трансплантации во Македонија.

Од внимавање до стерилност, до непречен проток на медицинскиот персонал, сите тимови биле на ниво, вели дигестивниот хирург Светозар Антовиќ кој ја водеше 9 часовната успешна трансплантација на црн дроб...

-При експлантацијата одеднаш работеа три хируршки тима и беа експлантирани сите солидни органи кои што се трансплантираат кај луѓе, одеднаш беа експлантирани срце, црн дроб и двата бубрега, многу сум горд на тоа заради тоа што тоа е навистина многу тешка навистина хируршки да се изведе работа, а тешка и да се организира, ние за прв пат тоа го правиме во Македонија, кај првите две трансплантации тогаш само црниот дроб го експланиравме, а сега и срцето, проф- Д-р Светозар Антовиќ – Клиника за дигестивна хирургија.

Херојот чии органи дадоа живот останува во тајност, што е желба на семејството а неговото, сега трансплантирано срце е осмото во Македонија кое успешно зачука да продолжи нечиј живот... Директорот на кардиохирургија д-р Шокаревски кој во речиси три часа ја заврши операцијата, вели дека кардиолошкиот пациент е во добра состојба.

-Состојбата на трансплантираниот пациент е стабилна, пациентот екстубиран, мобилизиран, веќе почнати се тие респираторни вежби, функцијата на срцето е одлична од ехосонографски и хемодинамски аспект, пациентот добро напредува, веќе почнавме со имуносупресивната терапија, се надевам дека се ќе биде добро со него, проф. Д-р Марјан Шокаревски – Директор на клиника за кардиохирургија.

На кардиологија има околу 30 пациенти, а листата за трансплантација на бубрег надминува 100 лица – вели д-р Скендер Саиди кој го водеше тимот кој ги пресади двата бубрега.

Ова е највисокиот чин на хуманост кој човек може да го направи, а свесноста за органодарителството во земјава е се повисока, но сепак има се уште пациенти кои чекаат можност да го продолжат животот. Покрај хуманоста на донорите, потребна е и држаната логистика, каде во употреба би се ставил владин авион, а би се вклучиле и експерти од странство, велат од здружениот „Храбро Срце“ кои го поздравија подвигот на четири трансплантации.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер