Забавата прејде во хорор: Морски лав повлече девојче под вода!

Кога луѓето го забележаа морскиот лав, се смееја и го хранеа со леб. Никој не очекуваше дека морското животно ќе го повлече девојчето под вода!

Девојчето седи близу до водата на пристаниште во Канада. Се доближува морски лав, кој на сите им изгледа мирен и симпатичен. Во еден момент, морскиот лав се подава од водата и го повлекува девојчето со себе. Еве го тој момент!




Девојчето е спасено од нејзин роднина кој веднаш се фрлил по неа.



The girl was only in the water for a couple of seconds before being rescued

Тој се фрлил во водата и го извлекол трауматизираното дете на безбедно. Морскиот лав веќе заминал.



A man lifts the girl out of the water after leaping in fully clothed to save her. The sea lion does not resurface


Видеото е направено од Мајкл Фуџивара од Ванкувер, кој за локалните медиуми изјави:

- Си седев на пристаништето и еден моркси лав се појави точно пред мене. Го зедов телефонот и почнав да снимам. Морскиот лав привлече многу внимание од туристите, и од малото девојче. Таа и нејзиното семејство се доближија и почнаа да го хранат лавот со леб или нешто друго, и тој се почувствува „комотно“.

Морските лавови се интелигентни животни. Не се знае дали овој имал намера да го повреди девојчето...

извор: Дејли меил








Најпознатиот светски Јутјубер подарува 26 Тесли, една е посебна

Најпознатниот Јутубер на светот, MrBeast, објави дека по повод неговиот 26-ти роденден на своите следбеници им подарува 26 автомобили Tesla.

"Го славам мојот 26-ти роденден, па на моите следбеници им подарувам 26 Тесли! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака ако освоите Тесла. Победниците ќе да бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напишал тој.

На овој линк е објавен и документ со сите детални правила на надградувачот на MrBeast.

Потсетуваме дека Џејмс Стивен Доналдсон, попознат како MrBeast, е најследен Јутјубер денес со над 240 милиони следбеници на таа платформа. Во 2023 година, тој беше најуспешниот дигитален креатор, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари.

Аргентина парализирана: Генерален штрајк против реформите на Милеи (ВИДЕО)

Аргентинските работници денеска започнаа голем генерален штрајк против радикалните мерки за штедење и планираните реформи на новиот претседател Хавиер Милеи.

Откако повеќето големи синдикати се приклучија на протестите против владата на јужноамериканската земја, јавниот транспорт, секторот за преработка на жито, супермаркетите, аеродромите и банките се стопирани на 24 часа, објави Ројтерс.

Економистот и поранешен медиумски експерт Хавиер Милеи победи на изборите минатата година кога вети дека ќе ја реши економската криза, која растеше во текот на претходните влади, што доведе до троцифрена инфлација.

Мерките на претседателот за намалување на трошоците ги стабилизираа локалните пазари, но строгите политики на штедење им наштетија на реалните приходи на луѓето и ги подигнаа веќе високите нивоа на сиромаштија, што доведе до пад на економската активност на почетокот на годината, забележува Ројтерс.

Генералниот секретар на главниот синдикат ЦТА, Хуго Јаски, на социјалната мрежа „Х“ објави дека штрајкот е насочен против „влада од која имаат корист само богатите на сметка на народот, обезбедува природни ресурси и бара да ги елиминира работничките права“.

Владата го критикуваше штрајкот како неоправдан и наведе дека ќе влијае на луѓето кои сакаат да работат, а за време на протестите летовите ќе бидат суспендирани, пристаништата ќе бидат парализирани, банките ќе бидат затворени, а училиштата и универзитетите ќе работат на минимално ниво.

Почна судењето на негувателката, која уби бебе врзувајќи го за вреќа грав- негира вина

Воспитувачката во градинка, Кејт Роули (37) е обвинета дека предизвикала смрт на бебе кое го држела врзано за вреќа со грав повеќе од еден час во градинката каде што работела.

Кејт го пронашла деветмесечното бебе помодрено и онесвестено по попладневната дремка во градинка на 9 мај 2022 година, објави Би-Би-Си.

Го врзала бебето за вреќа со грав и цело време го игнорирала плачот и врескањето на бебето.

Судењето за убиството на бебето продолжи денеска, а негувателката Кејт изјавила дека не се чувствува виновна.

„Ја заспав на страна, немаше причина за грижа додека не сфатив дека не дише“, изјавила Кејт.

Потоа одговарајќи на прашањата на адвокатот објаснила за што не чувствува одговорност.

„Јас сум одговорна затоа што тоа се случи додека бев на смена, но мислам дека моите постапки не доведоа до смрт на бебето“, рече таа.

Негувателката потоа објаснила дека не мислела дека направила нешто незаконско.

„Го правев истото како и секој ден. Се однесував кон починатото бебе исто како што се однесував кон другите деца“, рекла таа.

Таа открила и дека не поминува ден, а да не размисли што се случило.

Кејт цело време негирала дека е виновна за убиство од небрежност, а судењето ќе продолжи во наредните денови.

притисни ентер