Заев: Да се надомести штетата од сите одговорни за настанот со „Шверцерите" во МНТ

Има препорака од страна на Владата, но министерот согласно правилник и законски надлежности ќе ја донесе конечната одлука, заради тоа што тој е надлежен во делокругот на таа постапка. 

Владината одлука во врска со случувањата при прославата на јубилејот на навивачката група „Шверцери" на 23 ноември во Македонскиот народен театар, при што беше направена штета во националната установа, е комплексна и се работи за насоки од Владата кон министерот за култура. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека одлуката е прво да се надомести штетата од сите оние кои се одговорни за неа.

Тој нагласи дека министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, која имала само усна комукацијата со организаторите на настанот, која не ја формализирала.

– Има препорака од страна на Владата, но министерот согласно правилник и законски надлежности ќе ја донесе конечната одлука, заради тоа што тој е надлежен во делокругот на таа постапка. Но, Владата изрази јасна волја дека мора да има санкции за одредени непроцедурални постапувања, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почеток на градба на новата зграда наменета за Одделот за крим техника вклучувајќи и форензички лаборатории за потребите на МВР.

Вториот дел, надоместокот на штетата, посочи премиерот, е сериозна работа за да може да се поправат сите оние штети кои се нанесени на самиот објект, а санкцијата е во функција не заради тоа што некој треба да зема повеќе или помалку плата, туку за да не се повтори.

– Токму заради тоа е и порепораката на Владата за испорачување на одредена санкција согласно правилниците кои постојат во јавната администрација, а тоа се правилници за наградување и санкционирање. Се знае во кои постапки по кое ниво се постапува, согласно тоа и Владата ја даде својата препорака, додаде Заев.

Во врска со тоа до каде е санкционирањето на одговорните, односно на тие што ја направија штетата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека тоа што е дел од задачите на полицијата во однос на констатирањето на состојбите е направено, меѓутоа материјалната штета ја утврдува институцијата каде се одржал настанот.

– Веројатно по утврдување на таа материјална штета ќе се поведат постапки или спогодбено, односно договорно, ќе се надомести таа штета или ќе си поведат граѓанска постапка за надомест на штета, додаде Спасовски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер