Заев: Предлог законот за јавно обвинителство е структурно и системско решение, сега и требаме сите на државата

Предлог законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку  да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите.

Предлог законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите и во функција на јакнење на независноста и реформите во правосудството и воопшто не држат тезите дека преку него некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт, порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Со законот се гарантираат сите актуелни случаи, отпочнати предистраги, истраги, судски процеси и слично без разлика за кого се однесуваат, вклучително и предметите од СЈО, но и од Обвинителството за организиран кримнал и тоа сегашни, минати а веројатно и идни предмети. Ако ВМРО-ДПМНЕ е за вакво решение јавно ги повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговаат за се да решиме во функција и интерес на граѓаните. Во спротивно, останува само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот и да ја спречи одговорноста за криминалот без разлика за кого се однесува, рече Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на МАСИТ.

Тој за денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која рече дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози, рече дека е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.

-Со барањето од опозицијата да биде предложен јавниот обвинител, Мицкоски испраќа порака дека има намера да остане во опозиција. Вака критички да се настапи за закон кој е во координација со Европската делегација, ЕУ и САД е далеку од било каква нормалност во однесувањето во вакви сериозни моменти пред кои сме исправени. Испраќам порака на сериозност – сега и требаме сите на државата. Можеме да дадеме аргумент плус за нашиот народ и на нашите пријатели – лидерите на земјите-членки на ЕУ и на Европската комисија да имаат уште еден аргумент пред следните одлуки кога ќе носат историски важни одлуки за Република Северна Македонија, потенцира Заев./МИА

Муцински: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

Ковачевски: Македонските граѓани се суверенот кој одлучува како понатаму

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска граѓаните одлучуваат во кој правец ќе се движи државата и дека очекекува да донесат одлука која за државата ќе значи напредок и просперитет.

„Денеска македонските граѓани се суверенот којшто одлчува за иднината на државата. Нивниот глас денеска ќе ја определи иднината на државата во наредната декада. Ние во текот на изминатите повеќе од 40 дена ја презентиравме пред сите граѓани нашата програма за европска иднина, при што ги презентиравме сите предности на Македонија земја членка на ЕУ до 2030 година. На крајот на денот граѓаните ја имаат финалната одлука за тоа во кој правец ќе се движи државата, дали ќе биде држава којашто до 2030 година ќе стане земја членка на ЕУ со претседателот Пендаровски и со Коалицијата за европска иднина и СДСМ или повторно ќе се враќаме назад во едно минато време коешто го гледавме цела една декада во државата. Но, во секој случај очекувам граѓаните слободно да го дадат својот глас како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отвори преговори со ЕУ и очекувам да донесат одлука со којашто ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина и животен стандард којшто доликува на македонските граѓани и македонската држава“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Зиков во отворено студио на Канал 5: Овој ден беше круна на демократијата во Македонија

Во отвореното студиот на Канал 5 по повод двојните избори во Макеоднија, Љупчо Зиков нагласи дека партиите вечерва би требало да бидат достоинтвени и во победата и во поразот.

Тој очекува поздравување и честитање.

Зиков потенцираше дека овој ден беше круна на демократијата во Македонија.

притисни ентер