Захариева: Бугарија не може ја поддржи преговарачката рамка на Македонија

Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи преговарачката рамка со Македонија, како и одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Ова е затоа што предложениот нацрт не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по денешниот видео-конференциски состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ.

– Позицијата на Бугарија се базира на рамковната позиција на Парламентот. Повеќе од една година таа и е позната во јавноста, вклучително и на македонските колеги. Таа беше пренесена и пред шест месеци за време на меѓувладината конференција, додаде Захариева.

Таа нагласи дека ги информирала остантите министри за надворешни работи на ЕУ за билатералните разговори меѓу Софија и Скопје и „му се заблагодарила на Берлин за помошта".

Како што јави БГНЕС, Бугарија инсистира да се утврдат три услови во преговарачката рамка со земјава и тоа „придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство; утврдување план за спроведување на Договорот од 2017 година; и многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија".

– Овие услови се уште не се вклучени во нацрт преговарачката рамка, нагласи Захариева.

Според Захариева, при носењето на одлуката за почеток на преговорите со земјава во март оваа година, јасно било посочено дека мора да има „видлив напредок во спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија".

– Не веруваме дека има видлив напредок во спроведувањето на овој Договор, додаде Захариева.

Според неа, треба да се вложат повеќе напори во преговорите, бидејќи, како што рече, „поентата на подготовката за членство е да се направи Унијата посилена.

– Ако на масата на ЕУ има нерешени прашања, како што има меѓу некои земји членки, тоа нема да ја направи ЕУ посилна, нагласи Захариева, додавајќи дека засега Бугарија може да ја одобри само преговарачката рамка со Албанија затоа што земјата „ги исполнила повеќето услови поставени во март".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер