Захариева: Има напредок, но се уште не сме подготвени да ја одобриме рамката за преговори

„Во Берлин беше постинат одреден напредок во однос на отворените прашања, но се уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија“, вели Захариева.

Ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси, кои ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања, ова е ставот на бугарската Влада, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, јавија бугарските медиуми.

-Јасно е наведено дека добрососедските односи и договорот со Бугарија мора да се почитуваат. Во последната година и повеќе од една година сме сведоци на екстремно и систематско непочитување на овој договор. Не зборувам само за историската комисија. Има забелешки за напредокот на Коридорот 8, имаме случаи во кои се создаваат административни бариери за бугарските инвеститори, неподготвеност на Македонија да се придржува до формулата за јазик во договорот. Заедничката историска комисија не работеше речиси една година. На Бугарија смета дека тоа темпо не е доволно, вели Захариева.

Поголемиот проблем на Бугарија, додава таа, е што историските личности, за кои е постигнат договор, не се објавени јавно и договореното не се рефлектира во учебниците, на музејските експонати, бидејќи единствената цел е да се елиминира говорот на омраза. Додава дека нема начин како да се постигне тоа ако поединците останат само на хартија во комисијата. Тоа не е следниот чекор за Бугарија, вели таа и додава дека тоа е важно прашање.

-Слушнавме многу обвинувања дека Бугарија не ја признава реалноста. Напротив, ние ја препознаваме реалноста само со фактот дека ние први го признавме постоењето на државата Македонија. Ова е една од многу важните црвени линии на Бугарија во врска со спроведувањето на договорот, рече Захариева.

Таа појаснува дка има одреден напредок во однос на отворените прашања во Берлин за Македонија како што е користењето на краткото име на С Македонија.

– Користејќи го краткото име за Бугарија е важно да се изјаснат дека тоа не води до географскиот дел на Бугарија, дека не е поврзано со територијални или малцински претензии. Македонија вети дека ќе го објави ова. Што се однесува до јазикот, повторивме дека постојат две опции или употребата на верзијата за 2017 година, мислам дека имавме и прилично голема конвергенција на позициите во Берлин. Досега, сепак, сè уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија, но работиме и активно со германското претседателство, рече Захариева.

Според неа Софија работи на тоа да ги рефлектира преостанатите барања на Бугарија во рамката за преговори, кои се поврзани со гаранции со одобрување на акционен план за спроведување на договорот од 2017 година, јасна декларација во рамката за преговори и еднострано, вели, од страна на Македонија дека тврдењата на малцинствата нема да бидат поддржани од страна на државните институции.

-Сфаќајќи ја одговорноста, позицијата и на премиерот и на бугарската Влада е многу јасна. Тоа е: ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси што ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања. Не можеме да прифатиме во ЕУ и тешко е целата ЕУ да има отворени прашања. Не сите членки на ЕУ го одобруваат проширувањето. Да, се согласувам со моите колеги од Скопје дека никој нема право да утврди како граѓанин може да се самоопредели, но истото важи и за бугарските граѓани. Нема шанси некој да каже дека овој јазик е различен од нашиот, па затоа ја најдовме формулата во 2017 година. Благодарност на германското претседателство за посветеноста и иницијативата, но сè уште не сме стигнале до точка да кажеме „Да", рече Захариева и истакна дека би била голема штета Скопје да ја испушти оваа можност.

Захариева вчера во Берлин имаше средба со вицепремиеропт за евртопски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи на покана министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас и државниот министер з Европа Михаел Рот. /МИА

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски  денеска беше во Тетово.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“. Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот] политички простор токму со поддршката на граѓаните.

„Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6.

Јас знам дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив на идната власт, но и на идната опозиција.

Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните“.

Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНам – За наша Македонија, на носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите кандидати за пратеници.

„Со тоа, рече Димитриевски, - Граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме понатаму со позитивни промени во државата, со позитивни промени во Македонија“.

Изјава за медиумите даде и носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, кој рече дека со она што го нудат во Програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да ги вратат илинденските и асномските темели на државата.

„Сакаме да ја направиме државата самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.

Тој додаде дека нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот максимум за Македонија.

Сектор за односи со јавност

Падна цената на златото, нафтата по долго време под 79 долари за барел

Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, цените на златото и пченицата паднаа, додека нафтата од типот „брент“ се продава за помалку од 84 долари за барел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.955,35 поени, лондонски FTSE 100 на 8.193,91 поени, француски CAC 40 на 7.945,20 поени, а московски MOEX на 3.446,04 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.225,66 поени, S&P 500 на 5.064,20 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 15.840,96 поени.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 79.198 долари, а на нафтата од типот брент на 83.903 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 30.900 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2298,79 долари за унца, а на пченицата на 5,9581 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07296, што е приближно исто како вчера.

притисни ентер