Запленети 146.278 килограми тутун без платена акциза, Буџетот оштетен за над 4,7 милиони евра

Царинската управа заплени 146.278 килограми увезен необработен тутун, пуштен незаконски во промет, без платена акциза во износ од 281.585.150 денари.

Како што соопшти денеска директорот на Управата, Горан Сугарески, се работи за десет увози на тутун „вирџинија", реализирани од страна на правно лице од Гевгелија во декември 2017 и цела 2018 година. Увезениот тутун, наместо да се доработи е пуштен во промет.

За овој случај се поднесени кривични пријави против две правни лица со седиште во Тетово и Гевгелија и против три одговорни лица на правните субјекти. Претходно се извршени претреси на повеќе локации во Скопје за обезбедување докази.

Царинската управа, нагласи Сугарески, во соработка со надлежните институции постојано врши контроли. Само изминатите денови успешно се реализирани заплени на 284,5 килограми режан тутн наменети за нелегална продажба и 413 кутии по 200 парчиња или вкупно 82.600 филтри за полнење цигари. Изречени се 11 платни налози за нерегистрирана дејност.

-На 10 февруари годинава Царинската управа до ОЈО Гевгелија поднесе кривични пријави против две правни лица со седиште во Тетово и Гевгелија и против три одговорни лица на правните субјекти поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „недозволено тргување со меѓу производи, метил алкохол и тутунски добра". Станува збор за 146.277 килограми увезен необработен тутун, пуштен незаконски во промет, без платена акциза во износ од 281.585.150 денари и камати за ненавремено плаќање од 12.505.380,66 денари или вкупно 294.090.531 денар, односно повеќе од 4,7 милиони евра, рече Сугарески на прес-конференција.

Според него, се почести се производството и продажбата на нелагален режан тутун кој нема никави документи со кои би се докажале неговото потекло, вид, квалитет, местото и начинот на одгледување и чување, што воедно е штетно и за здравјето на луѓето.

Акцизните производи, потсети Сугарески, учествуваат со околу 22 отсто од вкупните даноци што ги прибира државата. Над 40 проценти од приходите од акцизи се од цигарите и тутунските производи.

-Ако се знае висината на Буџетот, 3,4 милијарди евра, станува збор за значаен извор на приходи, нагласи директорот.

Заплената ја поздрави и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. Според него, акцијата на Царинската управа е уште едне показател дека нема компромис кога станува збор за прекрушување на законите и оштетување на Буџетот на криминален и коруптивен начин.

-Избегнувањето на овие давачки е еден од ризичните фактори кои сериозно го оштетуваат Буџетот. Ги охрабрувам вработените во Царинската управа, Пазарниот инспекторат и сите надлежни институции непоколебливо да продлжат со интензивни акции против нелегална продажба на тутун и секој друг тип злоупотреба на давачките. Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на граѓаните, тутунарите и компаниите кои лесно и редовно си ги плаќаат давачките, порача Николовски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер