Започна меѓународната културна манифестација „Петровденски конаци“

Со концертот на народни песни и ора од Источна Македонија под наслов „Сред село надигрување“, на кој настапија Фолклорни ансамбли и групи од Домовите на културата од Пехчево, Кратово, Пробиштип и Кочани, синоќа започна седмата меѓународна културна манифестација „Петровденски конаци 2014“.

- Во рамки на манифестацијата синоќа се одржа детскиот музички фестивал „Музички бранови“, во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани е претставена изложбата Ликовен перформанс-Минато. За утревечер на програмата е театарската претстава „Семејни приказни“ на текст од Биљана Србљановиќ а во режија на Ангелчо Илиевски, изјави Коце Стоименов, директор на Националната установа центар за култура „Бели мугри“ организатор на манифестацијата.

Во рамки на Петровденските конаци ќе се одржи балканска поетска вечер под наслов „На Јановден на конак“ со учество на поетски имиња од неколку балкански држави и Македонија. Ќе се одржи и концерт на групата Блек Даимонд од Ќустендил, Република Бугарија, на ансамблот на Есма Теодосиевска, а манифестацијата ќе заврши на ден на Петровден 12 јули во сабота со традиционалниот Влашки етно фестивал „На Петровден сите на планина“ кој ќе се одржи на терените на Пониква на Осоговските планини. /МИА

Патрушев назначен за помошник на Путин, Песков останува портпарол на Кремљ

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги потпиша указите за назначување на шефови на претседателската администрација, а за помошник на претседателот е назначен досегашниот секретар на Советот за безбедност Николај Патрушев.

Путин за портпарол на Кремљ повторно го назначи Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми.

За помошник на претседателот на Русија беше назначен и Алексеј Дјумин, поранешен гувернер на областа Тула. /МИА

„GENERALKA WEEKEND 2024“

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај.

МенендМаунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и воНационалните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.

„Партнерската улога на Пивара Скопјево GENERALKA WEEKEND ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“.Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во создавање на одржлива иднина за сите“, изјавиСнежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

„Пакомакчетврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија.Совакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина", речеФилип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради GENERALKA WEEKEND беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.

Гордана Софија и ХанесЈекл од МенендМаунтен истакнуваат дека „Сите локации за чистење можете да ги најдете на www.generalka-weekend.com. Споделете ги вашите искуства со нас на https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend и гледајте го целиот настан во живо на YouTube на https://www.youtube.com/@UrbanFM90.8 -

ДА СЕ ИЗВАЛКАМЕ И ДА ИСЧИСТИМЕ!"

Првенства на Македонија во шах: за титулата кај мажите има повеќе кандидати

Кај дамите се издвоија шахистките на ШК Алкалоид.

На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое започна викендов, вчера се одигра четвртото коло. И во него како и во претходните имаше помали изненадувања, со што на табелата се издвоија петмина играчи меѓу првите 10 носители како фаворити за конечен триумф.

Во согласност со правилата за парување според швајцарскиот систем, тие сега започнуваат со меѓусебните дуели и низ директни пресметки ќе го дадат конечниот изглед на табелата.

Она што е интересно да се одбележи е тоа дека речиси во секое коло имаше по некој сензационален резултат. Така, во првото коло младинецот на ШК Алкалоид Матеј Бојковски (1697) успеа да го изненади шестиот носител Антон Златков (2257). Меѓу изненадувачките резултати од второто коло треба да се извојат блесоците на ветераните Атанас Ташевски (1955) и Лазо Спасовски (1770), кои во вчерашното четврто коло стигнаа да играат на првата, односно на третата табла. ИМ Емил Ристески (2365), со победата над Спасовски, стигна до максимални 4 бода, додека, пак, ИМ Тони Лазов (2358), по трите победи во низа во четвртото коло, ремизираше со ФМ Андреј Велјаноски (2290) и е веднаш зад него со 3,5 бода. Шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), исто така, има само половина поен помалку од лидерот, откако во третото коло ремизираше со вториот носител ИМ Никола Николовски (2381), а вчера го совлада Дејан Јанков (2165).

Во женска конкуренција се игра посебен турнир со учество на 10 шахистки, кои играат според Бергеровиот систем (секоја против секоја). Паровите беа одредени со ждреб за стартни броеви, па така дел од фаворитките за висок пласман се сретнаа уште во првите рунди.

Во првото коло Жежовска (1868) го доби мечот со Николовска (1905), додека, пак, во второто коло ремизираше со ЖИМ Габриела Коскоска (1993). Во третото коло Леа Ефтовска (1797) ја совлада Жежовска, па на тој начин внесе неизвесност во борбата за првите позиции. Откако по три кола водечка беше Инџи Ајрадиновска (1809), Леа Ефтовска во четвртото коло ја совлада во директен дуел и го презеде врвот со 3,5 бода. Сепак, идентичен скор има и ЖИМ Габриела Коскоска, која во вчерашното четврто коло имаше лесна победа над младата Смилевска, па така двете дами од ШК Алкалоид се на водечките позиции.

На двата турнира се предвидени по 9 кола, односно со партиите од петтото коло, кои се играат денес, турнирите влегуваат во втората половина. /МИА

притисни ентер