Започна судењето на Никола Карабатиќ и 15 други лица обвинети за местење на натпревари

Пред Кривичниот суд на Монпелје започна судењето на Никола Карабатиќ, ѕвездата на францускиот ракомет, и петнаесет други обвинети за аферата околу натпреварот Цессон - Монпелје од 12 мај 2012 година, чиј резултат бил наводно наместен поради спортски влогови во обложувалниците.

Обвинетите, се обвинети за местење односно за измама или соучество во измама. Тие се соочуваат со пет години затвор и парична казна од 375.000 евра. Судењето, во присуство на стотици акредитирани новинари, се очекува да трае две недели, јавува дописникот на МИА од Париз.

Претседателот на судот Пол Бодуан, според еден судски извор, побарал сите обвинети да бидат присутни на првиот ден од судењето, дури и ако тие се повикани да сведочат подоцна. Во судницата, седиштата на обвинетите ќе бидат по азбучен ред во два реда.

Словенците Примож Прост (Готинген /Германија) и Драган Гајиќ (Монпелје) ќе седат блиску еден до друг, затоа што тие бараат помош од преведувач. Целиот клан Карабатиќ, имено Никола, неговиот брат Лука, како и нивните придружници, Џералдин и Пилет Џенифер Приесе, ќе бидат во вториот ред. Браќата Карабатиќ ќе бидат сослушани во среда.

Осум поранешни играчи од Монтпелие ќе бидат на обвинителна клупа. Покрај Карабатиќ, Прост и Гагиќ, Самуел Хонрубиа(ПСЖ), Младен Бојиновиќ(ПСЖ), Микаел Робин (Цессон-Рен) и Исам Tej (Монпелје).

„Скандалот“ изби на 16 мај 2012 со жалбата на француската лотарија, која забележа дека имало влогови од 104.887 евра од кои дури 102.300 дека Цесон на полувреме ќе води пред Цесон, по што ја блокира исплатата. Откако забележа дека биле ставени влогови се далеку од просечните 3000 евра за ракометен натпревар, и тоа на повеќе места. Истрагата утврди дека овие влогови биле во неколку градови непосредно пред 10 часот, во однос од 2,9:1, со билети од 100 евра кои гарантираат анонимност на добитниците. Цесон водеше на полувреме со (15:12).

Француската лотарија на 16 мај ја предупреди централната служба за трки и игри (SCCJ) на Централната Управа на правосудната полиција, за можна измама преку анонимен телефонски повик. Обвинителот Патрик Дежардан зборува за екипна измама со цел да се зголеми добивката на играчите за заеднички за одмор на Ибица.

Никола Карабатиќ, Гагиќ и Tej негираа учество во измамата. Адвокатите на обвинетите сметат дека ова грешка заслужува дисциплинска а не кривична казна. Што се однесува до Никола Карабатиќ, тој е веќе слободен потсетувајќи дека француската ракометна федерација (FFHB) во март 2013 година, ја поништи забраната од шест натпревари кои му беа изречени од страна на Националната ракометна лига (НХЛ).

Саутгејт негира дека разговарал со Манчестер јунајтед

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги коментираше информациите дека би можел да го замени Ерик тен Хег во Манчестер јунајтед.

- Несоодветно е да се зборува за ова. Немав никакви преговори. Има една работа на која треба да се фокусирам, успехот на Англија на Европското првенство, ги цитира „Телеграф“ зборовите на англискито селектор.

На 7 мај, „Фут Меркато“ објави дека Саутгејт е главен кандидат за позицијата главен тренер на Манчестер јунајтед.

На едно коло пред крајот на сезоната во Премиер лигата, Манчестер јунајтед се наоѓа на 8. место, далеку од очекувањата на раководството и навивачите.

Најмалку 20 демонстранти приведени во Тбилиси

Најмалку 20 лица се приведени на денешните протести пред Парламентот на Грузија, каде што утрово, без учество на опозицијата, Правната комисија го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“.

Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека демонстрантите пред Парламентот „го нарушиле јавниот ред, давале отпор на полицијата и ги навредувале“ полицајците, поради што се уапсени 20 од нив, меѓу кои еден руски државјанин и двајца американски државјани.

Опозициските пратеници тврдат дека не им било дозволено да влезат во зградата на Парламентот, каде Комисијата за правни прашања го усвоила законот по две минути, со што се отвора патот за гласање за законот во Собранието оваа недела.

СМИР ги повикува Македонците во областа Гора, и цело Косово, да се попишат како Македонци

Сојузот на Македонците со исламска религија,  ги повикува  Македонците во областа Гора, Призренска жупа и цело Косово, на пописот  да се попишат како Македонци, со мајчин македонски јазик, вероисповед муслимани.

- Сојузот ги повикува и сите Македонци од Гора, Призренска жупа и Косово, кои живеат и престојуваат во Македонија, да се потпишат на Косово како Какедонци со мајчин македонски јазик и вероисповед муслимани, за тоа да ги известат и своите роднини во Гора, призренска жупа и Косово, стои во повикот потпишан од Латиф Пајкоски, претседател на смир.се потсетува дека, Македонија во 2001 година издаде околу 15.000 македонски државјанства во областа Гора, Призренска жупа и цело Косово, врз основа на своерачно потпишани изјави на месните жители дека се етнички Македонци чиј мајчин јазик е македонскиот јазик.

- Жителите на областа Гора и Призренска жупа, не се ништо друго, освен етнички Македонци, независно дури и од албанизацијата во некои села на Призренска жупа, се наведува понатаму во повикот.

притисни ентер