Заврши ли ,,војната” меѓу Турција и САД , ослободен американскиот пастор (ВИДЕО)

По неколку месечна затегнатост во односите меѓу САД и Турција , што резултираше со економски мерки , денеска судот одлучи да го ослободи американскиот пастор Андрју Брансон од домашен притвор. 

Неговото апсење во Турција предизвика жесток дипломатски спор меѓу двете земји. Судот во Алиага на Бренсон му изрече казна затвор од три години и месец и половина затвор за тероризам , но бидејќи е во притвир од 2016 , судот реши дека веќе го минал времето што треба да биде затворен .

Евангелистичкиот проповедник од САД , кој работел во Измир , е осуден за тероризам и поврзаност со главниот организатор на неуспешниот државен удар во Турција во 2016 , Фетула Ѓулен , кој е во егзил во САД.

Бренсон се расплака по читањето на одлуката на судот , а пред да биде изречена , изјави :,,Јас сум невин . Го сакам Исус , ја сакам Турција.”

Германски политичар од партијата на Шолц примил мито од 300.000 евра во кеш, уапсен е

Политичар од СДП бил уапсен на 17 април како дел од меѓународна операција против банда вмешана во шверц во осум сојузни покраини во Германија.

Според полицијата и јавниот обвинител, шверцерите работеле со богаташи, претежно од Кина, на кои им „средувале“ дозволи за престој.

Како што објави Билд, висок функционер на областа Дирен, кој во меѓувреме е уапсен, шверцерите добиле поткуп со 300.000 евра во готовина.

Ова денеска го потврди портпаролот на обвинителството во Дизелдорф, откако претходно објави „Kolner Stadt-Anzeiger“.

Јавното обвинителство го обвинува политичарот дека го искористил своето влијание врз властите кога другите колеги сакале да ги отфрлат барањата на кинеските државјани за дозволи за престој во Германија.

Двајцата главни осомничени во овој случај се двајца адвокати на возраст од 42 и 46 години од областа Келн.

Според јавното обвинителство, се наведува дека нивните странски клиенти примиле повеќе од девет милиони евра за шверцерски услуги.

Бранителите на двајцата затвореници, како и адвокатите не сакале да коментираат, објави „Колнер штад-Анзајгер“.

Маж собори Гинисов рекорд во чудна дисциплини и испрати силна порака (ФОТО)

Магистер по шумарство Абубакар Тахиру (29) постави рекорд во необична дисциплина и влезе во Гинисовата книга.

За еден час прегрнал 1.123 дрвја во Националната шума Тускеги во Алабама и морал да исполни одредени услови за достигнувањето да се брои.

За да го постави рекордот, Абубакар морал да го прегрне секое дрво со двете раце, но да не предизвика никаква штета.

Не можел да прегрне ниту едно дрво повеќе од еднаш, па морал брзо да се движи, пренесува UPI.com.

Тој постел за Рамазан додека се обидувал да го постави рекордот, што му ја отежнало ситуацијата.

„Неможноста да се напие вода беше значаен предизвик. Но, и тоа на некој начин се покажа корисно, бидејќи немав потреба од паузи“, објаснил тој.

Освен што своето име го внесе во Гинисовата книга, Абубакар сакал да ја подигне свеста за важноста на дрвјата и заштитата на животната средина.

Тој се заинтересирал за екологијата додека растел во земјоделската заедница Тепа во Гана.

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше помеѓу граѓаните на општина Арачиново.

Пред присутните, Пендаровски порача дека во досегашниот мандат покажал дека е претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа и дека така ќе продолжи и во следниот мандат.

„Никогаш не сум бил и не се кандидирам за претседател само на Македонците. Ќе бидам претседател на сите, како што бев глас на секој без оглед на етничка и каква било припадност. Промовирањето и претставувањето на сите граѓани на Македонија ќе биде приоритет и во наредните пет години. “ порача Пендаровски.

Пендаровски посочи дека очекува голема поддршка на осми мај за државата да продолжи напред, како демократска, мултиетничка, прогресивна држава на рамноправни граѓани.

„Само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ, се друго е продавање на политичка магла и обиди за враќање во времињата на тензии, поделби и неизвесност. Македонија нема друга опција освен продолжување на преговорите за членство во ЕУ додека да станеме дел од големото европско семејство. На 8 мај сите заедно да гласаме за европска Македонија, тоа се гарантира само со заокружување на бројот 1“ посочи Пендаровски, сопштуваат од неговиот тим.

притисни ентер