Заврши САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015 во одбојка на песок

Одбојкарската двојка Косиак/Рудол од Полска триумфираше на шестиот Меѓународен турнир во одбојка на песок „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ во машка конкуренција.

Турнирот се играше на терените на Градската плажа „Парк“ во Скопје од 19. до 23. август.

На второто место се пласираше двојката Коцилианос/Зупанис од Грција, а третото место го освои одбојкарската двојка Коекелкорен/ван Вале од Белгија.

- Ми претставува големо задоволство што во Скопје и во Република Македонија за првпат се одржува одбојкарски турнир од толку висок ранг. Овој турнир годинава за првпат се најде на европската мапа за одбојка на плажа и влезе во календарот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), како сателит турнир. Во изминативе 4 дена имавме можност да ги погледнеме настапите на најдобрите одбојкарски двојки од 20 земји во Европа, и тоа од Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и домаќинот Македонија. Сакам да се заблагодарам на Одбојкарската федерација на Македонија за одличната организација, како и на спонзорите од Македонски телеком, Скопска пивара, Систина и секако, на Црвениот крст на Град Скопје. Се надевам дека следната година ќе имаме чест да организираме сателит турнир во одбојка на песок и во женска конкуренција, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на церемонијата за доделување на медалите.

Меѓународниот турнир во одбојка на песок „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ се играше пред полни трибини. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 8.000 евра.

Градот Скопје финансиски ја поддржа организацијата на ова големо спортско случување со 800.000 денари и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер