Заврши традиционалната Демирхисарска летна школа

 Со доделување на дипломи и благодарници, кои на учесниците лично им ги врачи градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски, во манастирот „Св.Јован Претеча" во Слпче, заврши традиционалната демирхисарска школа.

Според концептот на културниот настан, и оваа година се дебатираше и анализираа најнови научни достигнувања и истражувања од сверата на архитектурата, теологијата и други теми во кои се вклучија студенти и професори од државата и странство.

-Демирхисарската летна школа е наш препознатлив културен и образовен бренд на што ние Демирхисарци сме особено горди. За квалитетот на содржините се погрижија нашите соработници од Архитектонскиот факултет при УКИМ-Скопје, а низ за возврат им понудивме одлични услови за работа и истражувања на различни локалитети како што се црквата Св.Никола Топлички кај Жван, бибилиотеката Алби во Бабино, потоа изворот Степаноец со извонредно чиста и ладна вода, како и црквата Св. Јован Богослов во Слепче, рече меѓудругото градоначалникот Стојановски на затворањето на школата.

Во периодот од 7 до 14 јули во Демир Хисар се одржаа и повеќе работилници од областа на теологијата за што беа организира посети на селата Белица, Прострање, Велмевци, Железнец и Доленци. Во селото Белица беше направен увид во храмовите „Свети великомаченик Ѓорѓи Победоносец" и „Свети маченик Александар" кој е единствен храм посветен на овој светител во Северна Македонија и тесно се поврзува со неговото мачеништво.

-Во храмот „Свети Ѓорѓи" беа идентификувани икони од зографот Дичо Зограф. Во селото Прострање беа посетени храмовите „Света Петка" каде што беше идентификувана икона од XIX век, потоа „Свети Атанасиј" и „Свети Никола". Во селото Велмевци учесниците го посетија храмот „Свети Илија" каде беа идентификувани фрески и икони од ученикот на Дичо, Серафим од Тресонче. Во селото Железнец истражувањата временски се поклопија со секциите Архитектура, Дизајн за мебел и ентериер и Историја на уметност. Таму беше посетен храмот „Свети Никола", а во селото Доленци го посетија и храмот „Успение на Пресвета Богородица", потврди Стојановски.

Гигантот „Форд“ губи огромни пари на секој продаден електричен автомобил

Форд соопшти дека има нето приход од 1,3 милијарди долари за првиот квартал од 2024 година.

Ова се должи првенствено на одделот за флота Ford Pro, кој на компанијата ѝ донесе три пати повеќе приходи од одделот Ford Blue, кој е специјализиран за патнички автомобили со мотори SUS.

Во истиот период, секторот за електрични автомобили и батерии забележал загуба од дури 1,3 милијарди долари, што е приближно двојно повеќе од она што го загубиле во истиот период во 2023 година. Компанијата го обвини „нискиот притисок на цените низ индустријата“.

Ford Pro заработил приближно 7.300 долари за секое од повеќе од 400.000 продадени возила, а Ford Blue заработил близу 1.400 долари за секое од повеќе од 600.000 продадени возила.

Електричниот оддел на Ford, кој се нарекува Model e, од друга страна, изгубил неверојатни 130.000 долари по возило на приближно 10.000 електрични возила што ги продале во првиот квартал од 2024 година, пишува Јутарњи.хр.

Форд за загубите ги обвинува намалувањето на цените на своите електрични возила, по што посегнаа како „одговор на променливите пазарни услови“. Додека пазарот на батерии и електрична енергија продолжува да расте, Форд би можел да се најде во позиција повторно да ги намали цените, нешто што производителот на автомобили буквално не може да си го дозволи.

Сепак, не е сѐ така црно. Големата инвестиција во одделот Model e треба да го стави електричниот оддел на Ford во подобра позиција во наредните години, бидејќи голем дел од тие пари се инвестираат во развојот на следната генерација на електрични возила. Ако сè оди според планот, новите автомобили на Ford на батерии би требало да ги зголемат приходите на одделот Model e во иднина.

Мицкоски: Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ да освои мнозинство во Парламентот

„Помина првиот круг, малкумина од власта на СДСМ и ДУИ беа свесни за тоа што ќе се случува. Но, ние таа енергија која што ја чувствуваме во кампањата, таа емоција која што доаѓаше до нас беше исклучително силна. “

„Помина првиот круг, малкумина од власта на СДСМ и ДУИ беа свесни за тоа што ќе се случува. Но, ние таа енергија која што ја чувствуваме во кампањата, таа емоција која што доаѓаше до нас беше исклучително силна. И ни беше прилично јасно дека ќе се случи голема победа, и дека разликата ќе биде исклучително голема“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Јегуновце.

„Но, тоа што се случи на 24-ти април морам да признам и да бидам како и секогаш искрен со вас, ги надмина и нашите очекувања. Ние мислевме дека ќе биде до 150.000, а излезе 183.000 гласа разлика“, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот изминативе години испишува историја и прави историски резултати.

„Да се навратиме кога ни предвидуваа дека нема да биде така како што ние очекуваме, дека власта ќе издвојува апсолутна победа и дека тоа е крајот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ. Ние заедно со вас, заедно со народот на Македонија успеавме да издвојуваме две убедливи победи на тие локални избори и во првиот и во вториот круг, и за првпат во независна Македонија, во демократска Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да има мнозинство од градоначалниците во Македонија. Тоа беше првиот историски резултат“, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И тоа продолжи во првиот круг на претседателски избори каде резултатот во однос на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова со актуелниот и претседател во заминување Стево Пендаровски е 2:1. И тоа е за првпат во Македонија се случува ваков резултат“, нагласи тој.

Тој посочи дека тука не треба да се застане, туку да се продолжи до крај, до 90-та минута и минута после 90-та.

„Сега следната наша цел повторно историска е за првпат некоја коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент. Потребно е мнозинство во македонскиот Парламент и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова“, додаде Мицкоски.

„Јас сум убеден гледајќи го тоа што се случува овие пет дена од кога заврши првиот круг на претседателски избори дека и тоа ќе се случи. Ни остана помалку од една недела до денот на изборите и убеден сум од оваа енергија и емоција која што ја чувствувам од народот македонски дека и тоа ќе се случи“, укажа тој, се наведува во партиското соопштение.

Шкотска остана без премиер- Хамза Јусаф си поднесе оставка

Премиерот на Шкотска Хамза Јусаф денеска поднесе оставка, откако минатата недела ја растури коалицијата со шкотските зелени.

Јусаф поднесе оставка како лидер на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да го преживее гласањето за доверба подоцна минатата недела, пренесува Ројтерс.

Нешто повеќе од една година откако ја замени Никола Старџен на функцијата премиер и лидер на СНП, Јусаф рече дека е време некој друг да ја предводи шкотската влада.

Минатата недела Јусаф одлучи да ја прекине коалицијата со Зелените, кои исто така ја поддржуваат независноста на Шкотска, поради конфликтот околу политиката за климатски промени.

По распадот на владејачката коалиција, најголемата опозициска Шкотска конзервативна и унионистичка партија најави дека ќе иницира гласање за доверба на Јусаф.

Шкотскиот парламент сега има 28 дена да избере нов премиер, а доколку СНП не успее да најде нов лидер кој може да добие парламентарна поддршка, ќе се одржат нови избори.

притисни ентер