Завршија квалификациите за ЕУРО 2016

Со деветте натпревари одиграни синоќа завршија квалификациите за ЕУРО 2016. Селекциите на Хрватска и на Турција последни изборија директен пласман за Европското првенство, додека во баражот ќе играат осум третопласирани селекции.

Хрватска до второто место во групата стигна со победата (1:0) над Малта и по поразот (2:1) на Норвешка од Италија.

Турција како третопласирана од групата, но со најмногу бодови од сите третопласирани селекции го избегна баражот. Турција го победи Исланд (1:0) со гол во претпоследната минута, а Казахстан славеше победа (1:0) над Летонија, што беше услов Турција да биде најдобра трета репрезентација.

Резултати и табели од 10.коло:

А група: Летонија – Казахстан 0:1, Холандија – Чешка 2:3, Турција – Исланд 1:0.
Табела: Чешка 22 бода, Исланд 21, Турција 18, Холандија 13, Казахстан 5, Летонија 5.

Б група: Белгија – Израел 3:1, Кипар – БиХ 2:3, Велс – Андора 2:0.
Табела: Белгија 23, Велс 21, БиХ 17, Израел 13, Кипар 12, Андора 0.

Х група: Италија – Норвешка 2:1, Малта – Хрватска 0:1, Бугарија – Азербејџан 2:0.
Табела: Италија 24, Хрватска 20, Норвешка 19, Бугарија 11, Азербејџан 6, Малта 2.

Пласман на ЕУРО 2016 изборија: Германија, Полска, Северна Ирска, Романија, Португалија, Албанија, Шпанија, Словачка, Англија, Швајцарија, Австрија, Русија, Чешка, Исланд, Турција, Белгија, Велс, Италија и Хрватска.

Директно учество има домаќинот Франција, додека за последните четири места во баражите ќе играат: Република Ирска, Унгарија, Данска, Украина, Словенија, Шведска, БиХ и Норвешка.

Извлекувањето на двојките за баражот ќе се одржи во недела на 18 окотмври, додека натпреварите ќе се играат од 12 до 14 ноември (први дуели) и од 15 до 17 ноември (реванши). /МИА

Силна експлозија одекна во универзитет во Санкт Петербург, има настрадани (ВИДЕО)

Експлозија одекнала во еден од универзитетите во Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми.

Портпаролката на прес-службата на окружната управа на Калинин изјави дека локален жител пријавил во дежурната служба експлозија на проспектот Тихорецки на територијата на Воената академија, пренесува РИА Новости.

Според достапните информации, на местото на настанот излегле надлежните служби.

Како што се додава, властите не добиле масовни извештаи за експлозијата од жителите на областа Калинин.

Неофицијално се наведува дека во експлозијата се повредени неколку лица, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.

Убиена е кандидатка за градоначалник и уште пет лица на предизборен митинг во Мексико (ВИДЕО)

Кандидатката за градоначалник Лусеро Лопез Маза и уште пет лица, од кои една млада девојка, се убиени во пукање на предизборен митинг во градот Ла Конкордија во јужната мексиканска држава Чиапас, пренесе АП.

Покрај тоа, две лица се ранети.

„Конфликтот избувна меѓу вооружени цивили за време на политички митинг“, соопшти обвинителството.

Како што е соопштено, не е познато дали Лопез Маза била цел на нападот, бидејќи улични пукотници се честа појава во таа област.

Чиапас е во близина на границата со Гватемала и е главна рута за шверц на дрога и мигранти, а двата главни нарко картели во Мексико се борат за контрола на областа.

Претходно оваа недела, 11 лица беа убиени во масовно пукање во село во градот Чикомусело, неколку десетици километри оддалечено од Ла Конкордија.

Богојески:Корупцијата е влезена во сржта. Ристевски:ЗНАМ и Левица да бидат поканети во влада

Љупчо Ристовски и Петар Богојески гости во Само Вистина.

Ристовски: Ако „Вреди“ опстои на политиката дека не се брза за 6 месеци да има уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ треба со нив на хартија да наведе се, вклучително и амандмански точки дека нема да притискаат за уставните измени и со тоа да се воведе доверба меѓу коалициите. Оваа држава Македонија на Јалта си ја доби државноста, секако со поддршка на Албанците, но 1991 референдумот ние го издејствуваме, Албанците не го поддржаа. Ако се соочи ВМРО-ДПМНЕ со некаков Албански екстремизам или други притисоци ние сме подготвени да помогнеме. Потребно е и ЗНАМ и Левица да бидат поканети во владата, за сигурност и окрупнување.

Богојески: ДУИ на овие избори се обиде да формира коалиција на верска основа. Мнозинството етнички Албанци го дадоа гласот за „Вреди“. ДУИ треба да одговара за ширење на верски радикализам. По овие избори постигнавме обединување но нашата држава и таа не смее да се води ниту од Приштина ниту од Белград. Покрај тоа што крадат министрите, краде и персоналот. Треба да се укинат дискреционите овластувања на дел од министрите. Корупцијата е влезена во сржта и треба да се реши со најсовремените алатки на денешницата.

притисни ентер