Матарела: ЕУ се наоѓа во најкритичниот период

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска изјави дека Европската унија минува низ можеби најтешкиот период досега во својата историја.

Тој денеска упати порака по повод Денот на Европа, со кој се слави декларацијата на Роберт Шуман од 1950 година која доведе до создавање на ЕУ.

- Европската историја минува низ својот можеби најкритичен период од почетокот на процесот на интеграција. Безбедноста на нашиот континент е разнишана од конфликти кои не сме ги доживеале во последно време. Би било илузија да се прифатат кризите во регионот како изолирани жаришта, изјави шефот на италијанската држава.

Матарела зборуваше и за изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат следниот месец.

- За неколку недели граѓаните на 27-те земји членки ќе излезат на гласање за да изберат нов Европски парламент. Тоа е одлична вежба на демократијата во која стотици милиони гласови имаат можност и поврзана одговорност да станат лидери на сопствената иднина, рече италијанскиот претседател.

- Со учество во гласањето, ќе можеме да ја обликуваме владата на обединета Европска унија – мирна, динамична и способна да ги усогласи различните гледишта на луѓето врз основа на принципите на солидарност, заклучи тој.

Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Првата светска војна

Во Полициското одделение Нов Дојран, на 7 мај било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа, која ден подоцна била безбедно подигната и отстранета од експерти за пиротехника на Дирекцијата за заштита и спасување.

-На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и која била безбедно подигната, соопшти МВР.

Гвир: Хамас го сака Бајден

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир на X објави дека „Хамас го сака Бајден“.

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир на X објави дека „Хамас го сака Бајден“, еден ден откако американскиот претседател рече дека нема да го снабдува Израел со офанзивно оружје што земјата може употреби за напад на Рафа.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Бајден вчера рече дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел и дека ќе го снабдат со ракетни пресретнувачи Железна купола и друго одбранбено оружје, но не и артилерија и друго оружје и алатки и гранати што биле користени порано, доколку израелските војската „оди“ во Рафа.

Бен Гвир употреби емотикон срце во објавата која се однесува на Бајден и Хамас и инсистира на воен одговор и се закани дека ќе ја напушти владата доколку Израел не почне голема воена операција во Рафа.

- Има само еден одговор на вежбите и игрите на Хамас: итна наредба да се окупира Рафа, напиша Бен Гвир на X.

притисни ентер