Официјално беше претставен Светскиот женски автомобил на годината, а тоа за 2019 е Mazda3. Жирито, составено исклучиво од жени од 30 земји, по долго размислување одлучи ласкавиот наслов да му го додели на јапонскиот компакт.
Мазда посочува дека најзаслужен за победата е домашниот термин за дизајн Кодо, кој созреал со овој модел. Со тоа тие сметаат дека жените избираат од срце, и тука е важен дизајнот. Фактите, сепак, зборуваат поинаку, и така жирито ја оцени, меѓу другото, безбедноста, практичноста, аспектот на животна средина, обемот на багажникот, па дури и сексапилот. И според овие критериуми , Мазда беше прогласена и за „Семеен автомобил на годината“.
Покрај вкупниот победник, беа избрани најдобрите автомобили во сегмент:
Урбан автомобил на годината: Kia XCeed
Еко-автомобил на годината: Kia Soul EV
Луксузен автомобил на годината: BMW 8 серија
Спортски автомобил на годината: Порше 911
SUV / кросовер на годината: Range Rover Evoque
Семеен автомобил на годината: Mazda3