Жителите на Бор се простуваат од малата Данка, потрагата по телото е во тек

Веста дека е убиена малата Данка Илиќ ја растажи цела Србија и регионот, особено Борчани кои денеска се собраа во центарот на градот да му оддадат почит на малото девојче.

Пред Домот на културата почна да се собира народ за да се прости од малата Данка, објави Телеграф.

Повеќето од нив донесоа свеќи кои се палат пред Центарот за култура.Граѓаните на Бор оставаат цвеќиња, играчки и црвени балони во облик на срце пред Домот.

Она што особено го крши срцето се играчките барбики, кои се оставени на страна.

Повеќето од нив гледаат надолу, палат свеќи, оставаат цвеќиња и си заминуваат, без многу задржување.

Сите се тажни и не можат да поверуваат дека по десет дена неизвесност дознале ваква страшна вест.

Да потсетиме, малата Данка Илиќ исчезна од дворот на куќата во Бањско Поље на 26 март, околу половина час откако дошла на имотот со својата мајка и брат. Министерот за полиција на конференцијата детално го откри временскиот интервал кога семејството пристигнало на имотот и кога исчезнало детето.

Претходните десет дена припадници на полицијата, граѓани и бројни други служби неуморно трагаа по девојчето, но, за жал, денеска беше потврдено дека малата Данка е убиена.

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер