Жителите на Ресен и околината задоволни од мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита

Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во општина Ресен и околните места. За шест месеци реализирани се 472 посети.

Сервисот е сместен во Здравствениот дом во Ресен, кој е добро организиран и работи стручен тим од 5 вработени: медицински сестри, физиотерапевт, неговател и социјален работник. Овој тим оди на терен, во домовите на пациентите и се грижи за нив, со што услугите се доближуваат поблиску до граѓаните.

Кочани е првата општина, која минатата година почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита, а овој месец во Галичник почна со работа летната патронажна медицинска служба, која секој петок, во наредните три месеци ќе ротира во овој регион.

Проектот мобилен сервис за здравствена и социјална заштита во Ресен или т.н патронажни сервиси е во организација на Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Општина Ресен и УНДП, каде пациентите од социјален ризик, маргинализирани групи и тешко подвижни болни, ја добиваат потребната услуга и заштита во домот.

Патронажната служба ги покажува своите позитивни резултати. Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

притисни ентер