Жителите на Сливник живеат во страв од зараза

Жителите од велешкото село Сливник живеат во страв од зарази и болести. Низ селските улици тече отпадната вода, а нема ниту водовод ниту канализација. Од општината чекаат одобрение од Министерството за транспорт за да почнат со изградба на мрежата.

Септички јами на секој чекор, дел нови, а дел стари кои пропуштаат па изметот тече по селските улици. Токму тоа е причина за чести расправии помеѓу соседите. На дел од нив им пречи смрдеата други се жалат дека изметот им поминува пред порта. Сите се плашат од потенцијални жаришта на зараза особено за децата кои играат и незнаат каква опасност ги демне. Воопшто не е лесно да се живее во такви услови особено кога си заборавен од цивилизацијата, велат жителите во селото Сливник.

Во Сливник живеат околу 500 жители. Скоро сите инвестираат во нови куќи затоа што селото од Велес е оддалечено 12 а без асвалт се само последните два километри. Но таму освен што нема канализациона исто така нема и водоводна мрежа. Проектната документација е готова и предадена во министерството за транспорт и врски, се чека на одобрување за вгодина да почне изградбата на двете мрежи, водоводна и канализациона, вели градоначалникот.

Жителите на Сливник велат дека нивното трпение е при крај. Не сакаат и понатаму да живеат во услови како нивните предци. Се надеваат дека ова е последно барање кое и го испратиле на општината во 21 век да им овозможи конечно да ги почувствуваат благодетите на водата и одводот.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер