Зидан: Роналдо ја прави разликата, сите од него очекуваат голови

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по триумфот против Рома (2:0) рече дека за него најважен е тимот, но дека секогаш ќе има некој што ја прави разликата, како што тоа беше Роналдо во Рим.

- Среќен сум затоа што постигна гол. Од него сите тоа го очекуваат. Му честитам на целиот тим за вложениот труд, особено во второто полувреме, изјави Французинот.

Роналдо во вторникот ја напушти прес-конференција која се однесуваше на синоќешниот меч, поради прашањето за неговата неефикасност на гостински терен во последниот период. Сепак со неговиот 89 гол во Лигата на шампионите покажа дека неговата форма не е во криза. /МИА

Макрон: Европа мора да биде подготвена за да ја спречи Русија, ако отиде предалеку

Европа мора да биде подготвена да ја ограничи Русија доколку отиде предалеку во конфликтот во Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ако во одреден момент Русите одат предалеку, ние, сите Европејци, мора да бидеме подготвени да дејствуваме за да ги задржиме“, рече францускиот лидер одговарајќи на прашања од корисниците на социјалните мрежи.

Макрон додаде дека „со сета своја сила се надева“ дека Франција нема да мора да влезе во конфликтот.

Како што истакна тој, Европската унија ќе ја зајакне својата поддршка за Киев во наредните недели.

„Нашата иднина и нашата безбедност се загрозени. Затоа, како што реков, мораме да ја зголемиме помошта за Украинците, што ќе го направиме во наредните недели. Мораме да им испорачаме повеќе опрема.“, нагласи францускиот лидер.

Според него, Франција „не е сила на војната, туку е сила на мирот“, но ако Европа сака мир, неопходно е да се „одбрани“.

„Затоа мораме да се вооружиме и да бидеме убедливи кон нашите противници, велејќи им: „Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата сопствена безбедност, тогаш не исклучуваме интервенција“, рече францускиот претседател.

Претходно, во интервју за Економист, Макрон повторно изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Руската Федерација ги пробие првите линии на фронтот и ако Украина тоа го побара.

Според него, „многу земји“ се согласиле со пристапот на Франција за можното испраќање војници.

„Доколку Русите ја пробиле одбранбената линија, ако имало барање од Украина - што не е случај денес - ќе имавме легитимни причини да си го поставиме ова прашање (за испраќање војници)“, додаде францускиот претседател.

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е екстремно тешко (ВИДЕО)

Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.

„Втор ден нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија“, рече Зеленски. Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија наводно зазела пет локални населби: Плетенивка, Охорцеве, Борисивна, Пилне и Стрилеќа.

Ситуацијата, рече Зеленски, е „особено напната“ во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, во близина на селата Семенивка и Нетаилова. „Снимаме повеќе од 30 конфликти дневно, тоа е исклучително тешко“, рече Зеленски, додавајќи дека „попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден“.

Илјадници Грузијци демонстрираа во Тбилиси против законот за „странски агенти“

Неколку илјади демонстранти излегоа вечерва на улиците во грузискиот главен град Тбилиси за уште еднаш да протестираат против контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“ поддржан од владата, но критикуван од САД и Европската унија.

Толпата собрана на плоштадот Европа ги вееше знамињата на Грузија и на Европската унија.

Тбилиси вели дека сака да се приклучи на заедницата и покрај предлог-законот, за кој неговите противници велат дека е сличен на руското законодавство што се користи против опозицијата.

притисни ентер