Змија во тоалет (фото)

5 годишно момче открило змија во тоалетот.

5 годишно дете од градот Есекс, Британија открило змија - питон која било со должина од еден метар во тоалетот.

Момчето се преплашило и со плачење избегало од тоалетот барајќи помош од родителите.

Родителите на момчето беднаш повикале служба за диви животи кои ја отстраниле змијата.

Family's blocked toilet was due to three foot python in the U-bend

Family's blocked toilet was due to three foot python in the U-bend

Мајката на момчето сега стравува дека нејзиното дете ќе има фобија од змии.

Станала самохрана мајка на 19 години (ВИДЕО)

И покрај сè, има кариера од соништата, но вториот сопруг не можел да поднесе една работа...

Оваа актерка променила многу улоги, но мајчинството сепак ѝ е најдрага.

Актерката Софија Вергара станала мајка кога имала само 19 години. Таа преку својата приказна покажува извонредна истрајност и решителност во самостојното воспитување на детето на многу млада возраст. Децении подоцна ќе потврди дека сменила многу улоги, но дека мајчинската улога сепак за неа е најубава.

- Маноло го родив многу рано, немав ни 20 години. Речиси и не се паметам без него. Отсекогаш мислев дека сум премногу млада, но сега имам 52, а тој 32 г. и се чувствувам одлично. Малтене бев тинејџерка кога го родив, па некако пораснавме заедно. Мислам дека можеби ќе бев подобра мајка ако го родев малку подоцна, ќе бев позрела и поодговорна, но се случи така - истакнала таа неодамна во една ТВ емисија.

Откако се развела од таткото на Маноло, Софија се посветила на воспитувањето на својот син, трудејќи се да му биде најдобар пример и да му обезбеди сè што му е потребно. Иако признала дека сè ќе било полесно доколку Маноло би пристигнал десет години подоцна, таа истакнува дека секоја жртва е вредна за трудот кога гледа колку нејзиниот син е воспитан, шармантен и забавен.

Софија успеа да оствари успешна кариера во светот на филмот додека се грижела за својот син. Низ годините, нејзиниот подем во светот на глумата и манекенството беше импресивен, а нејзиниот син Маноло растел со поддршката и љубовта на својата мајка. Како мајка, Софија редовно се грижи за својот син и му ги пренесува своите животни лекции. Нејзините совети за безбедноста и одговорното однесување ја покажуваат нејзината длабока посветеност на мајчинството.

Потсетуваме, убавата Колумбијка на 19 години се омажи за својата средношколска љубов Џо Гонзалес и со него го доби синот Маноло. Таа беше во брак со својот прв сопруг од 1991 до 1993 година, а во 2014 година се омажи за актерот Џо Манганиело. Иако долго време изгледаа како еден од најубавите и најхармонични парови во Холивуд, сите беа изненадени од нивниот развод во текот на минатата година. Вергара потврди дека желбата на Манганиело да има свои деца довела до нивна разделба.

- Бракот ми се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Речиси сум во менопауза, таков е природниот тек на нештата. Кога син ми ќе стане тато, нека ми го донесе бебето на некое време, па ќе му го вратам и ќе си продолжам со животот, тоа е она што треба да го правам. Подготвена сум да бидам баба, а не мајка – признала таа за медиумите.

Секојдневната борба на актерот Брус Вилис и неговото семејство

Познатиот актер Брус Вилис (69) повторно ги растажи фановите ширум светот. Останала само сенка од некогашниот човек и акционен херој.

На видеото објавено на неговиот официјален Инстаграм профил, се гледа како славниот актер седи на скалите од својот дом и свири на хармоника, додека на гитара го придружува лице чијшто идентитет е непознат бидејќи е снимено од зад грб.

На видеото кое е во црно-бело, се гледа неговиот отсутен израз на лицето, како да не знае каде се наоѓа, или како да не знае што прави. Обожавателите не можат да се помират со неговата болест.

- Го слушам како свири и сфаќам дека е неверојатно талентиран. Те сакам Брус!

- Брус беше, е и секогаш ќе биде најдобар. Боже, чувај го овој човек и неговото семејство!

- Многу е тажна неговата состојба. Музиката е одлична терапија.

- Не можам да престанам да плачам кога го гледам ваков. Господ да те чува - беа само дел од коментарите на оваа објава.

Неговата сопруга, Ема Хеминг Вилис, проговори за влијанието на неговата болест врз семејството преку видео што го испратила до Здружението за фронтотемпорална дегенерација, кое неодамна одржа едукативна конференција за оваа болест.

- Беше многу тешко на почетокот додека не ја имавме вистинската дијагноза. Кога конечно дознавме од што боледува, почувствував дека повторно можам да дишам, како некоја тежина да ми се симнува од рамењата. Можев да ја видам поддршката што очајно ми беше потребна за мојот сопруг и за целото семејство“- вели Ема во видеото.

На Вилис во април 2022 година му беше дијагностицирана афазија, а 6 месеци подоцна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).

- За жал, предизвиците во комуникацијата се дел од симптомите на болеста со која се справува Брус. Иако ова е болно, олеснување е што конечно имаме јасна дијагноза за да знаеме што да правиме – додаде Ема.

Не постои лек за оваа болест, а најчести симптоми се: промена на личноста и однесувањето, тешкотии во говорот, проблеми со меморијата.

Ема пишува книга

Како што објаснила Ема, нејзиниот сопруг не е ни свесен дека е болен, а семејството се труди што повеќе да му олесни и се борат заедно од ден на ден.

- Немав потреба ова да го чувам како семејна тајна, напротив. Сакав да излезам во јавноста за луѓето да обрнат внимание на суптилните сигнали на болеста кои се појавуваат со месеци, па дури и години пред дијагнозата. Како и за секоја друга болест, навремената дијагноза е клучна, иако нема лек за ФТД - изјави Ема.

Поранешната манекенка решила своето искуство од грижата за својот болен сопруг да го преточи во книга. Пишувањето е при крај и таа се надева дека нејзиното искуство ќе му помогне на некој друг. Книгата ќе се вика „Отворено поле“ и ќе биде објавена во 2025 година.

- Сакам оваа книга да дојде во рацете на партнерите за нега, односно оние кои се грижат за своите најблиски болни со ФТД или штотуку дознале за болеста која ќе им го промени животот. Тие треба да знаат дека не се сами, дека постои поддршка, па дури и надеж - изјавила Ема, а пренесува „Yahoo“.

притисни ентер