Знаци што укажуваат на опасна главоболка

Доколку имате некој од овие пет симптоми, обратете се кај вашиот лекар! 

Можеби ви се чини дека главоболката ќе престане, но некогаш одењето на лекар е единствено решение.

Постојат различни видови на главоболка, вклучувајќи тензични главоболки, мигрена, кластер главоболки и други. Тензичните главоболки се најчести и обично се опишуваат како чувство на притисок во главата. Можни причини се стрес, замор, лошо држење на телото или долго седење.

Мигрените се интензивни главоболки придружени со симптоми на гадење, повраќање, осетливост на светлина и звук. Кластер главоболките се ретки, но исклучително болни напади на главоболка кои обично ја зафаќаат едната страна од главата. Сепак, постојат ситуации кога главоболката може да биде знак за посериозен проблем. Болката е заштитен механизам, кој нè предупредува дека нешто не е во ред. Ако ги забележите следните симптоми, важно е да побарате лекарска помош.

1. Ненадејна и силна болка

Обично, главоболките почнуваат постепено и интензитетот на болка се зголемува постепено. Сепак, ненадејната и силна болка може да укажува на посериозни проблеми, како што е благо крварење на мозокот. Ваквите болки бараат итна медицинска помош.

2. Променлив интензитет на главоболка

Нормално е главоболките да се развиваат од поблаг до појак интензитет пред да се смират. Ако забележите промени во интензитетот на вашата главоболка без некоја очигледна причина, ова може да биде знак за аневризма или други мозочни нарушувања и се препорачува дијагностички тест, како што е МР на мозокот.

3. Придружна температура

Ако главоболката е придружена со висока температура, тоа може да укажува на посериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и менингитис. Ова бара итна медицинска интервенција.

4. Долготрајна болка по удар

По физички удар, нормално е да почувствувате болка во главата. Сепак, долготрајната главоболка може да укажува на присуство на хематом или внатрешно крварење. Ваквите симптоми бараат посета на лекар за дополнително испитување.

5. Главоболкаболка во одредена просторија

Доколку забележите дека ве мачи главоболка само во одредени простории, проверете го квалитетот на воздухот. Недостатокот на кислород може да предизвика главоболка. Ако болката почнува во одредена просторија, проверете дали има вентилација или евентуално истекување на гас, тоа може да биде сериозен здравствен проблем.

Еве неколку совети што може да ви помогнат:

Пијте доволно вода: Недостатокот на хидратација може да предизвика главоболки. Погрижете се да пиете доволно вода во текот на денот за да ја одржите оптималната хидратација.

Вежбајте редовно: Физичката активност може да ја подобри циркулацијата на крвта и да ја намали мускулната тензија, која е честа причина за главоболка. Вклучете редовно вежбање во вашата рутина.

Одморете ги очите од екраните: Долготрајното зјапање во екранот може да предизвика замор на очите и главоболка. Правете паузи и правете вежби за очите во текот на долготрајното работење пред компјутер.

Избегнувајте ја оваа храна: некои намирници како чоколадо, кофеин, вино или адитиви може да предизвикаат главоболка кај одредени луѓе. Следете ја вашата исхрана и идентификувајте ги потенцијалните предизвикувачи.

Практикувајте техники за релаксација: вежби за дишење, медитација или јога можат да помогнат во намалување на стресот и напнатоста често поврзани со главоболката.

Спијте доволно: Недостатокот на сон може да предизвика главоболки. Погрижете се да спиете доволно секоја вечер за да го одржите оптималното здравје.

Извор: srecna.republika.rs

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

притисни ентер