ЗНАМ: Најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите

Знам дека најголема грижа на секој од нас е здравјето на нашите деца, нашите родители и нас самите.

Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата веднашна реакција и акција.

Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука.

Конкретни мерки од нашата програма се

-Зголемување на платите на докторите за 20 проценти

-Зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти

-Бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата

-Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти

-Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор.

-Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија. Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование.

ЗНАМ - Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа во ИЕ 2

Одбележување на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - 9 Maj.

Владината прес-служба соопшти дека делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.

Во 12:00 часот, владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Пенов и заменик министерка Аврамовска Мадиќ, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Македонија.

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Денеска се навршуваат девет години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили - Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Уште 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

Минатата година беше откриена спомен-плочата во кругот на СВР Куманово на полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година. Претходно, припадниците на безбедносните сили кои учествуваа во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ добија и мурал „Хероите живеат вечно“

Куманово два дена живееше во страв и неизвесност. Престрелките почнаа во раните утрински часови. Кумановци слушаа надлетувања на хеликоптер. Затворени беа улиците, затворен беше дел од град, речиси целата населба „Тоде Мендол“. Фабриките во тој дел од градот, не работеа.

Кумановци се сеќаваат на овој исклучително трагичен настан. Престрелките беа со различен интензитет, од одредени места се гледаше густ чад. Безбедносните сили евакуираа жители, влезот од главната улица „Тоде Мендол“ од булеварот „Трета МУБ“ беше дозволен само за полиција, брза помош и противпожарна единица. Дел од сограѓаните од „Диво Насеље“ се евакуираа кај роднини. Полицијата во неколку наврати ги евакуираше жителите.

Граѓаните на Куманово, велат дека настаните не треба да се заборават и никогаш да не се повторат.

ВОА: Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот

Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи што се одржува сл

„Во овој момент не можеме да утврдиме кога тоа би можело да се случи. Официјалните ставови во овој поглед се во надлежност на релевантните национални органи“, се наведува во одговорот од Советот на Европа до ВОА.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера изјави дека не прифаќа почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини да биде основа за членството на Косово во Советот на Европа, оценувајќи дека тоа е услов за жалење на меѓународните сојузници.

На владиниот состанок во Приштина, Курти кажа дека е апсурдно да се бара нацрт-статутот на ЗСО да се испрати до Уставниот суд во Приштина, што според ставовите на Германија и Франција во претходните денови, што е услов за прашањето за членството на Косово во СЕ да се најде на дневниот ред на Комитетот на министри за надворешни работи на 46-те земји членки на СЕ кон средината на овој месец.

Меѓутоа, Франција и Германија побараа од Косово да ги иницира неопходните чекори за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство - и тоа кусо време откако ПССЕ ја усвои препораката за прием на Косово во членство.

Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, сака да ја одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, објави „Албаниан пост “,повикувајќи се на дипломатски извори.

Франција, Германија и Италија сметаат дека членството на Косово во СЕ треба да се одложи додека Приштина не докаже дека е посветена на формирањето на ЗСО.

Парламентарното собрание на Советот на Европа на 16 април го усвои нацрт-извештајот на известувачот за Косово во СЕ, Доре Бакојани, во која се препорачува Косово да му се одобри членство во Советот на Европа.

притисни ентер