ЗОИ: Ставре Јада заврши на 56. место на 30 километри

Македонскиот натпреварувач во скијачко трчање, Ставре Јада, својот настап во маратонот во крос-кантри скијање на Зимските олимписки игри во Пекинг го заврши на 56. место од вкупно 59 тркачи кои стигнаа во целта.

Тој патеката од 30 километри, која пред стартот беше принудно скусена од предвидените 50 километри поради лошото време во кинеската престолнина, ја мина за 1:25:41 часа, што, според информациите од Македонскиот олимписки комитет е „најдобар резултат кој еден македонски спортист во крос кантри го постигнал на Зимските олимписки игри“.

Јада со своето најдобро време имаше заостанување од нешто повеќе од 14 минути зад победникот Александер Болшунов од Русија.

-Горди сме на најдобрите македонски спортисти кои дадоа се од себе на ЗОИ во Пекинг и им посакуваме, со заедничка квалитетна и напорна работа, на следните игри во Милано и Кортина во 2026 година да постигнат уште подобри резултати“, изјавија од МОК.

Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22.2 %, во приградскиот превоз е намален за 13.1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32.6 %.

Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1.6 %, во приградскиот превоз е намален за 8.6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27.7 %.

Кина: Се надеваме дека МКС ќе биде објективен во однос на Израел

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кина денеска соопшти дека се надева дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг ќе задржи „објективен“ став откако објави дека се бараат потерници за лидерите на Израел, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и на Хамас за воени злосторства извршени за време на седуммесечната војна во Газа.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кан во изјавата соопшти дека бара потерници против израелските лидери Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за злосторства, вклучувајќи „намерно убиство“, „истребување и/или убиство“ и „изгладнување“.

- Кина секогаш стоела на страната на правдата и меѓународното право за палестинското прашање, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, додавајќи дека Пекинг ги поддржува „напорите за промовирање на сеопфатно, праведно и трајно решение за палестинското прашање“.

- Колективното казнување на палестинскиот народ треба да престане, додаде тој.

Според Ванг, постои „голем консензус во меѓународната заедница веднаш да се запре војната во Газа и да се стави крај на хуманитарната криза на палестинскиот народ“.

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.

Од УХМР препорачуваат за поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

притисни ентер