Зошто го прекрила своето тело со тетоважи од ликот на Роберт Патинсон?

54 годишната Кети Ворд од Ридинг потрошила 12.500 фунти на 69 тетоважи инспирирани од ликовите во филмот „Twilight“.

- Ги имам сите ликови од филмот тетовирани на моето тело, вредеше да се издржи болката - вели Кети.

Всушност, овие тетоважи ја вратиле радоста во нејзиниот живот. Еве зошто.

Covered: Mrs Ward's tattoos include the New Moon poster on her back and the Cullen crest on her chest


Се почнало пред 5 години кога починала мајката на Кети. Таа била во тешка депресија поради загубата, не можела да излегува никаде ниту да зборува. Нејзина блиска пријателка, за да ја расположи, тогаш за прв пат и донела копија од првиот филм „Twilight“.

- Едноставно се навлеков на приказната. Дефинитивно, станав фан на Патинсон. Не дека тој е најубав, има поубави од него, тој е посебен, се издвојува - вели Кети која поминала 130 часа кај својот тату - мајстор за да ги направи тетоважите на ликовите од филмот, меѓу кои најбројни се тие со ликот на Патинсон.

Кети вели дека никогаш не била посреќна и посигурна во себе, а болката и трошокот за тетоважите - вределе!

/ извор: Дејли меил

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер