Дневен хороскоп за 28. март 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 28. март 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами.

Кариера

Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа.

Здравје и совет

Преодна кашлица.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе.

Кариера

Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот.

Здравје и совет

Уживајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка.

Кариера

Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се.

Здравје и совет

Потребен ви е нов режим на здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото.

Кариера

Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел.

Здравје и совет

Ова е ден за вашата сестраност.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба.

Кариера

Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други.

Здравје и совет

Време е да пораснете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво.

Кариера

Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра.

Кариера

Денеска подобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги.

Здравје и совет

Вежбајте концентрација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја.

Кариера

Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот.

Здравје и совет

Бидете отворени за секоја ситуација.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија.

Кариера

Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време.

Здравје и совет

Не се залетувајте по нереални ситуации.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно.

Здравје и совет

Внимателно со медикаментите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност.

Кариера

Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники.

Здравје и совет

Намалете ги слатките во исхраната.

НБА: Минесота прв пат во историјата поведе со 3-0 во плејофот

 Минесота го совлада синоќа Феникс на гостински терен со 126:109 во третиот натпревар од плејофот на Западната конференција во НБА лигата и прв пат во историјата на франшизата поведе со 3:0 во серијата до четири победи.

Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 36 поени и девет скокови, Руди Гоберт додаде 19 поени и 14 скокови, а Карл-Ентони Таунс со заврши натпреварот со 18 поени и 13 скока.

Најефикасен во редовите на Феникс беше Бредли Бил со 28 поени.

Четвртиот натпревар е на програмата в недела вечер во Феникс.

Ниту еден тим во историјата на плејофот во НБА лигата не успеал да надомести негатива од 0-3 во серијата до четири победи.

Феникс имаше ефект од 3-0 во победи против Минесота во регуларниот дел од сезоната со просечна разлика од 15.7 поени.

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

 Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест  по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. 

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.

- Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.

Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.

-Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.

На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани.

На Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание - Стопанска комора - Влада.

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи

 Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, што е намалување од 41,3 проценти, споредено со претходниот седмодневен период.

Од новозаболените, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 20, а пријавени се заболени и во Битола - три, Куманово - две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.

- Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број лица живеат во Скопје - 412 или 79,8 отсто, со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 29 заболени лица или 5,6 проценти, а случаи се пријавени и во други 16 градови низ државата.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 254 лица се од машки, а 262 од женски пол.

- Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето - за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12-та недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Од заболените, хоспитализирани се 73 лица. Од нив, 59 на возраст до четири години. Најголем број од случаите - 51 или 69,9 проценти, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 67 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена, покажуваат податоците на Институтот.

Од 18 јануари до 25 април годинава, дадени се вкупно 42.857 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

притисни ентер