Николоски до Филипче:Дали агенцијата Рејтинг на Спасов работи на вашиот имиџ а плаќате 100 евра

Сериозно навлеговме во кампањата следната среда е првиот круг на претседателски избори, мислам дека на сите им е јасно и мислам дека сите гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи.

Сериозно навлеговме во кампањата следната среда е првиот круг на претседателски избори, мислам дека на сите им е јасно и мислам дека сите гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, Гордана Силјановска Давкова ќе е нов претседател на Македонија“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ4 од митингот во Валандово.

„Мислам дека она што е клучно за периодот кој што доаѓа е да се обратиме до сите што ги познаваме, да поразговараме и да ги поканиме да излезат на гласање. Исто така сите оние кои што се надвор од Македонија во дијаспората доколку се во можност да дојдат и да гласаат, затоа што секој глас ни е потребен секој човек ни е потребен за победата да биде убедлива и никој да не ја оспорува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски.

Николоски додаде и дека тажната вистина е дека кога одиме во дијаспората, бевме и во Франција и во Австрија и Швајцарија помеѓу нашите и за жал се повеќе наши луѓе гледаме таму. Луѓе кои што минатата кампања ги гледав овде во Валандово, сега за жал ги видов во дијаспората, тие за жал се иселиле. Тоа е тажната вистина на ова темно владеење на ДУИ и СДСМ овие 7 години. И на тоа мора да ставиме точка, на тоа мора да ставиме крај.

„Затоа што овие избори се пресвртница и од овие избори ќе биде определена иднината на Македонија. Ние сакаме просперитетна и развиена Македонија. Ние сакаме Македонија во која што владее правото, ние сакаме Македонија која што ќе напредува“, истакна Николоски.

Николоски посочи и дека СДСМ веројатно не ни размислуваат за такви работи единствено што размислуваат е како да приграбат нешто за себе. А овие од ДУИ многу добро знаат што сакаат но тоа што го сакаат не е во корист ниту за Македонија ниту на Македонците, тоа е во корист на една мала клика околу врвот на партијата која што мисли само за себе и за оние околу нив. Затоа ни е потребна масовна излезност. Затоа следната среда треба да излезете сите, да ги поканете сите да излезат да гласаат и да ставиме крај тоа да е вовед во големата победа на 8 мај.

„Го гледам Стево Пендаровски на почеток беше нервозен сега покрај нервозен и навредува не знам што ќе се случи до крајот на кампањата. Од СДСМ едниот скоро и да го снема, никој не се сеќава дека беше премиер на Македонија а уште помалку мислам дека луѓето знаат дека е претседател на СДСМ се вика Димитар Ковачевски. Единствено по што ќе биде запаметен е дека заедно со другар му Бујар Османи го потпишаа таканаречениот француски предлог со кој што решија да ја распродаваат македонската историја и култура“, нагласи Николоски.

Тој истакна дека во 4-та изборна единица носител е Венко Филипче кој што гледам дека освен што злоупотребува пациенти и ја злоупотребува сопствената професија ништо друго и не прави. Но не ми одговори па би сакал да го прашам од тука дали е вистина дека има ангажирано пи ар агенција која што треба да работи на промоција на неговиот имиџ, дали името на таа пи ар агенција е Рејтинг сопственост на Никола Спасов син на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов и дали таа пи-ар агенција ја плаќа по минимум 100 евра по објавен текст за Венко Филипче. И финалното прашање од каде доаѓаат тие пари, кој ги обезбедува тие пари и како тие пари преку агенцијата Рејтинг стигнуваат до медиумите“, кажа Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски: На 8 мај имајте ги предвид иднината на вашите деца и младите

„Оставете ги партиските поделби, оставете ги етничките поделби, размислувајте како родител, размислувајте како поединец, размислувајте како приватник, размислувајте како човек. “

„Дали би му дале верба на некого кој вели дека сите договори кои ни донесоа мир и не вратија во заедницата на цивилизирани нации и држави, треба да ги смениме, да им направиме ревизија и да донесеме нешто што никој жив не знае што може да биде и со какви ефекти ќе биде“, им порача на тетовчани вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Во оваа насока тој посочи дека наместо државата да се враќа во мрачното минато, во периодот од 2006-та до 2017-та година, треба да се фокусираме на економијата, бидејќи од тоа зависи дали децата ќе ни останат покрај нас или ќе бараат подобра иднина надвор од татковината.

„Невозможно е најголемиот дел од македонските граѓани да не ја препознае рационалноста на ова што го зборувам. Ме прашувате за било кој договор, јас имам одговор - тој договор е добар, овој договор е добар, ова е добро, ова е лошо. Тие немаат одговор. Три пати ги прашуваш, вели ќе направам тим од експерти, па со помош на странски експерти, па Совет на Европа, Венецијанска Комисија и по некое време, после неколку месеци...Кога бирате претседател, премиер, министер – тој мора од првиот ден да делува и да носи одлуки, а не допрва да собира експерти. Ти ако не знаеш сега што треба да направиш во однос на Рамковниот договор, Преспанскиот договор, Европската преговарачка рамка, ако допрва бараш помош од стручни експерти од странство и од дома, немој да се пријавуваш за претседател“, додаде Пендаровски.

Повикувајќи ги граѓаните на Тетово на 8 мај да го заокружат бројот 1, Пендаровски потенцираше дека на денот на гласањето треба да ги имаат предвид интересите на нивните деца и внуци, нивните лични и интересите на семејството,соопштуваат од неговиот тим.

Спасовски: Милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце.

„Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат, Македонија треба да гласа ЗА прогрес, за број 1 на 8 мај! Во с. Драгоманце и Младо Нагоричане знаат дека

може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на поголеми плати и пензии.

Ние од СДСМ и коалицијата нудиме милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство, поголем грант од 10.000 евра за жени земјоделки, 100% зголемување на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години!

Сите знаеме како изгледа владеењето на режимот, затоа не се откажуваме од иднината! На 8 мај за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Дадо Топиќ откри како го добил името Адолф

Познатиот музичар Дадо Топиќ во интервју откри како го добил името Адолф.

„Најдобриот пријател на татко ми, кого исто така го паметам како еден од најдобрите и најквалитетните луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. Тој беше стоматолог по професија, а татко ми, кого Адолф во животот со своите добри дела го задолжи, вети многу пред моето раѓање дека ако има син ќе го крсти детето по него“, рекол своевремено Дадо и изјавил дека овој Адолф му бил и кум на крштевката, пренесува 24сата.хр. .

Топиќ откри и кога го добил прекарот Дадо.

„Прекарот Дадо го добив дури во средно училиште, кога почнаа да се натрупуваат проблемите околу моето име, па со него сум заглавен до ден-денес“, изјавил Дадо.

притисни ентер