Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. 

И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.

„Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО", одговори Пендаровски.

Во однос на обвинувањата од Драган Ковачки, Пендаровски рече дека не може да му се верува на некој што со судска пресуда е лажго.

„Многу е тешко да му одговориш на човек кој со судска пресуда неодамна е обвинет дека е лажго. Лажеше за една хациенда на министерката за одбрана. Судот, не јас или вие, рече дека лаже и јас не видов дека после таква судска пресуда се извини. Меѓутоа знаете што е разликата меѓу нив и нас - нивните први луѓе на Мицкоски, не само на Силјановска, лично мене ме навредуваат. Ме нарекуваат измеќар, слуга нечиј, ме нарекоа дури и инфантилен. И да се вратам на господинот Ковачки - колку вреди зборот на еден некогаш висок чин во војската кој побара НАТО безбедносен сертификат и беше одбиен. Знаете кого одбиваат за НАТО сертификат? Само оние кои работат против интересите на Македонија" одговори Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Спасовски: Милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце.

„Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат, Македонија треба да гласа ЗА прогрес, за број 1 на 8 мај! Во с. Драгоманце и Младо Нагоричане знаат дека

може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на поголеми плати и пензии.

Ние од СДСМ и коалицијата нудиме милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство, поголем грант од 10.000 евра за жени земјоделки, 100% зголемување на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години!

Сите знаеме како изгледа владеењето на режимот, затоа не се откажуваме од иднината! На 8 мај за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Дадо Топиќ откри како го добил името Адолф

Познатиот музичар Дадо Топиќ во интервју откри како го добил името Адолф.

„Најдобриот пријател на татко ми, кого исто така го паметам како еден од најдобрите и најквалитетните луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. Тој беше стоматолог по професија, а татко ми, кого Адолф во животот со своите добри дела го задолжи, вети многу пред моето раѓање дека ако има син ќе го крсти детето по него“, рекол своевремено Дадо и изјавил дека овој Адолф му бил и кум на крштевката, пренесува 24сата.хр. .

Топиќ откри и кога го добил прекарот Дадо.

„Прекарот Дадо го добив дури во средно училиште, кога почнаа да се натрупуваат проблемите околу моето име, па со него сум заглавен до ден-денес“, изјавил Дадо.

Ристовски: Ќе поднесеме резолуција за црвените линии на македонскиот национален интерес

„На 8 мај секој пред да го заокружи бројот на гласачкото ливче длабоко да размисли кому ќе ја даде довербата во периодот пред нас. “

Ние како коалиција „Храбро за Македонија“ како ИНТЕГРА македонска конзервативна партија, која е составен дел од таа коалиција, заедно со ГРОМ и со ПЦЕР најавуваме дека веднаш во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес. Во тие црвени линии ќе бараме владеачките партии и сите останати партии во македонскиот парламент вкчучително и партиите на албанската етничка заедница и на останатите малцински етнички групи да го потврдат македонскиот идентитет, да ја потврдат македонската државност, да ја потврдат државотворноста на македонскиот народ во татковината Македонија“, рече од Ѓорче Петров, претседателот на ИНТЕРГА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.

„Со таа семакедонска резолуција во парламентот, Брисел ќе мора да сфати и да прифати дека тој македонски пркос, таа македонска ревност за македонското во Македонија ќе мора да биде основата на која ќе се водат идните преговори со Брисел. Дали тоа ќе го прифати Бугарија или не, тоа не зависи од нас. Ќе бараме македонско национално единство по тоа прашање, ќе бараме согласност од сите политички партии кои се прегрупираат за коалиција на власт, ако тие ја сакаат и ја почитуваат татковината Македонија, ако се лојални граѓани на Македонија, тогаш ќе мора да застанат рамо до рамо со македонскиот народ во неговите барања за сочувување на македонскиот национален идентитет во преговиорите со Брисел“, рече Ристовски.

„Нека не ве лажат сите дека доколку не прифатиме промена на уставот ќе запрат преговорите со Брисел. Не. Ние и сме потребни на Европската Унија и Брисел исто толку колку што тие ни се потреби нам. Ако Европа ја донесеме дома, ако го качиме стандардот на населението и квалитетот на животот со сите оние генерални цели и приоритети што ги нуди ИНТЕГРА како дел од Коалицијата Храбро за Македонија, ако сите ги прифатиме мерките и инструментите на владините политики и стратегиите и владините политики кои ги нудиме ние со програмската платформа на овие избори, тогаш Македонија за брзо ќе отвори нов економски инвестициски циклус, ќе го крене стандардот на населението, ќе го крене квалитетот на животот, новосоздадената вредност на ниво на годишен бруто домашен производ ќе биде мултиплицирана во периодот пред нас“, порача Ристовски.

„На 8 мај сакам да размислите длабоко пред да го дадете гласот за било кого. Давајќи го гласот за ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија, во Коалицијата Храбро за Македонија, вие гласате за квалитет на живот кој ќе значи богат и просперитетен граѓанин, богата и просперитетна Македонија. Заокружувајќи го бројот 3, вие ние давате нас политичка моќ во парламентот да бидеме бедем и бастион на македонскит национален интерес, да се бориме за татковината Македонија исто така како што се бориме во изминативе пет години на политичката сцена во Македонија. Се што сме кажале „да“ останало „да“ до денес, се што сме кажале „не“ останало „не“ до денес, оттука нашиот збор тежи како планина. И во парламентот ќе се бориме жестоко и ревносно за македонскиот национален интерес без да загрозиме ничиј друг интерес на ниту една душа човечка, независно дали од албанската етничка заедница, или од ромската или од останатите малцински етнички групи. Затоа ве повикувам на 8 мај, гласајте за бројот 3, заокружете број 3 и дадате глас за богата и просперитетна Македонија, настапете храбро за Македонија, уште похрабро на овие избори на 8 мај за да докажеме дека македонскиот народ умее да размислува со своја глава и умее во парламентот да изгласа вистинска опција која што ќе се бори за нивните интереси“, кажа Ристовски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер