Првиот премиер-Албанец и два месеци по изборот ги посетува местата со албанско население

Каква порака испраќа техничкиот премиер Талат Џафери со тоа што речиси сите теренски посети во изминатите 50 денови откако е на оваа функција му се во средини со мнозинско Албанско население ? 

Од анализата на Канал 5 евидентно е дека присуства на настани кои најчесто се во Тетово, Арачиново, Липково, Матејче, Дебар, Гостивар, Чаир, Форино, денеска е во Боговиње, а само еднаш беше во Битола каде посетата ја почна во неколку образовни институции, а ја заврши во Музејот на албанската азбука.

Ваквата негова пракса продолжи и покрај тоа пред еден месец на новинарско прашање при посетата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза, каде наставата се изведува главно на албански јазик Џафери изјави дека нема предрасуди во однос на тоа што треба да посети и да претстави, но чекал да биде поканет..

„ Јас за себе немам никаква предрасуда по однос на ниедно прашање што се однесува до животот и живеењето во оваа преубава држава што ја имаме. Јас сум премиер на сите граѓани сега кој како ме перцепира тоа е индивудуала работа јас во тоа не се мешам “-Талат Џафери – Технички премиер.

Ваквите постапки на Џафери ја отворија дилемата дали тој ја користи позицијата која ја извршува само за да биде меѓу гласачите на ДУИ во пресрет на изборите и со тоа ја пропушта приликата да покаже дека е премиер на сите граѓани, наспроти декларираното. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека е очекувано предизборно политичарите да сакаат да придобијат што е можно повеќе гласачи, но дека функцијата која извршува Џафери бара поодговорно однесување.

„ Ако таков е резултатот а претпоставувам дека е таков тогаш забелешката стои и верувам дека ќе ја исправи или би требало да ја исправи, затоа што тој не е премиер на еден дел од државата, туку е на целата и верувам дека тоа ќе го исправи, а дека сме во предизборна кампања неофицијално и сме иако таа службено не почнала мислам дека сме и тоа е јасно кај сите политички чинители, но неговата одговорност е поголема баш поради функцијата која ја има. “-Алберт Муслиу - аналитичар.

Џафери беше избран за премиер на техничката влада, како дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ... Изборот беше дочекан од неговите сопартијаци во еуфорична атмосфера како „прв премиер-албанец“, со што, тврдеа се уривале етничките бариери во државата... Но, оттогаш, Џафери освен што не посетува општини со доминатно македонско население, реакции во јавноста предизвика и со тоа што не присутвуваше на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на денот на неговиот роденден.

Славниот Стивен Спилберг ја прави стратегијата на Бајден за победа на изборите

До претседателските избори во Америка (5 ноември) остануваат уште нешто повеќе од шест месеци, а актуелниот шеф на Белата куќа Џо Бајден доби големо засилување во својот тим.

Токму познатиот режисер Стивен Спилберг (Шиндлеровата листа, Спасување на Рајан, Минхен...), како што пренесува „Ен-би-си њуз“, ќе биде задолжен за креирање стратегија во кампањата на Бајден за освојување на втор претседателски мандат.

Минатиот декември Спилберг учествуваше на собирање средства за кампањата на Бајден во Лос Анџелес. Спилберг, долгогодишен поддржувач на Бајден, веќе активно учествувал на состаноците со организаторите на конвенцијата на Демократската партија што ќе се одржи во август, потврди изворот, кој сакал да остане анонимен.

Ова не е првпат Спилберг активно да се вклучи во политичките настани во САД. Тој е голем поддржувач на Демократската партија и во 2008 година беше продуцент на филм за кампањата на Барак Обама, тогашниот претседател. На настанот минатиот декември, на Спилберг му се придружија и други холивудски легенди како Барбра Стајсенд и режисерот Роб Рајнер...

Лидерите на кампањата на Џо Бајден се во преговори со Барак Обама тој и Бајден да се појават на митинг во средината на јуни во Лос Анџелес. Добро е познато дека Обама имаше голема поддршка од холивудските ѕвезди за време на неговите две кампањи. Покрај тоа, токму Бајден беше потпретседател на Обама, додека вториот беше на чело на Белата куќа во два мандата. На тој собир еден од домаќините треба да биде Џорџ Клуни.

Кампањата на Бајден не одговориле веднаш на барањето да ги потврдат и коментираат наводите за ангажманот на Стивен Спилберг. Се потсетува дека минатиот месец Бајден за кампањата собрал дури 90 милиони долари, што е двојно повеќе отколку во првите два месеци од 2024 година.

Стојаноска: Во „Платформа 1198“ за Брвеница предвидуваме ново училиште, доградба на градинката

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор.“

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор со кој покажаа дека се задоволни од работата и посветеноста на градоначалникот Јовица, без разлика на неговата партиска или политичка определба. Јовица, ова треба исклучително да го цениш и негуваш, иако сум свесна и имам на дело видено дека токму со личен пример самиот не правеше никаква разлика спрема жителите и населените места. Градеше и помагаше подеднакво секому и секаде. Водеше кампања откако стана градоначалник, а неговото мото на кампањата е само работа, постојан контакт со жителите и покажување слух и внимание за нивните барања. Резултатот го видовме на 24-ти април. Резултатот ќе го видиме и на 8-ми мај“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 од митингот во Брвеница.

Стојаноска додаде дека на актуелнава аздисана власт и’ се случи народ. Не е свесна, кутрата, дека ќе и’ се случи уште повеќе народ. Бројноста и излезноста се пркос на нејзината неспособност и ароганција.

„Сме немале понеспособни Влади од последните. Сме немале полоши претставници надвор од Македонија, од овие досегашните. Сме немале толку срам и понижувања видено и доживеано, колку што тоа ни се случуваше изминативе 7 години. Сите вредности ги испревртеа и срушија. Владееја само со моќ и надгласувања. Ги избркаа паметните, за да не слушаат нивни совети и критики. Завладеаја со просечност и потпросечност, со сомнителни дипломи, уште посомнителни тендери и со никаква одговорност. Институциите им служеа како приватни фирми, а министерствата ги претворија во спортски игралишта и игротеки. Аздисаа без мерка и усул. Ете затоа им се случи народ“, рече таа.

„Да ве потсетам на програмата „Платформа 1198“ и на проектите кои се однесуваат за општина Брвеница, а тоа се: ново училиште во село Брвеница и доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца, спортска сала и градинка во Челопек. Проекти кои вие сте ги побарале, а ВМРО-ДПМНЕ ги пресмета и испланира за наредните 4 години“, истакна Стојаноска.

Таа укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ пополека ќе ја врати насмевката на пензионерите, на кои во првата година ќе им ги зголеми пензиите за 5.000 денари.

„Време е Македонија да се исправи и да ја започне обновата. Македонија станува твоја, а не заробеник на мафијата. Македонија станува европска, по почитување на закони и нивно имплементирање. Македонија станува светска, затоа што има богата историја и култура. Најважно, Македонија се враќа во рацете на луѓето и суверенот. За тоа ќе се погрижат идната претседателка Силјановска Давкова и идниот премиер Христијан Мицкоски“, додаде Стојаноска,се наведува во партиското соопштение.

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург: Муслиманите бараат калифат и шеријат (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ откако исламистичкиот митинг во Хамбург наиде на осуда од политичарите ширум земјата.

Повеќе од илјада луѓе учествуваа на демонстрациите во северниот германски град во саботата, држејќи плакати со пароли како „калифатот е решението“ и повикувајќи на воведување на шеријатскиот закон. Толпата извикуваше „Алаху Акбар“ и „нема Бог освен Алах“.

Властите тврдат дека протестот бил организиран од луѓе блиски до организацијата наречена Муслиман интерактив, која ја отфрла демократијата и е класифицирана како екстремистичка од германските разузнавачки служби. Организацијата објави видео од митингот на Х со порака: „Не слушајте ги лажговците“.

Според германските медиуми, лидер на организацијата е 25-годишниот Џо Ададе Боатенг, познат и како Рахим Боатенг, кој студира на Универзитетот во Хамбург. Боатенг има профили на Инстаграм и ТикТок, каде што споделува содржини поврзани со исламот насочени кон младите муслимани во Германија.

„Сосема е јасно дека сите исламистички активности мора да се решат користејќи ги можностите на нашата уставна држава. Верувам дека мора внимателно да ги разгледаме конкретните последици од она што го видовме таму“, рече Шолц. Тој додаде дека прекршувањето на законот мора да се гони.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер вчера вети дека ќе преземе „остри мерки против исламистичката терористичка пропаганда и омраза кон Евреите“. „Ако сакате калифат, дојдовте на погрешно место“, рече таа.

Министерот за правда Марко Бушман посочи дека на оние кои не го признаваат уставниот поредок на Германија треба да им се ускрати правото да престојуваат во Германија. „Оној што го претпочита калифатот пред уставно-правната држава, може слободно да емигрира“, порача Бушман преку платформата „Икс“.

Директорот на полициската управа во Хамбург, Франк Шнабел, се бранеше од обвинувањата дека имало превид кога била дозволена саботната исламистичка поворка. „Нашиот устав, кога станува збор за правото на собирање и изразување мислења, им дозволува на екстремистите да протестираат“, рече Шнабел.

Властите во Хамбург во моментов испитуваат дали слоганот „Калифатот е решение“, со оглед на тоа што тоа е и повик за воведување на шеријатскиот закон, кој е против човековите права, може да биде кривично гонет.

притисни ентер