Шведскиот парламент го усвои законот за можност за промена на пол на 16 годишна возраст

Шведскиот парламент денеска усвои закон со кој се намалува старосната граница за операција за промена на полот од 18 на 16 години.

Според новиот закон, на оние под 18 години и понатаму ќе им треба дозвола од старател, лекар и Националниот одбор за здравје и благосостојба, пишува Асошиејтед прес.

За разлика од порано, нема да биде предуслов пациентите да имаат дијагноза на родова дисфорија, која психолозите ја дефинираат како стресно искуство на личност чиј пол не се совпаѓа со нивниот родов идентитет.

Слични закони веќе се усвоени во Данска, Норвешка, Финска и Шпанија.

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука

Фајненшл тајмс потпиша договор со OpenAI за лиценцирање на содржината на весникот за развој на модели со вештачка интелигенција и дозволи ChatGPT да одговара на прашања со резимеа што му се припишуваат на весникот.

Развивачот на вештачка интелигенција склучил договор за лиценца со британскиот деловен весник и ќе може да користи написи од Фајненшл Тајмс, се вели во соопштението. ChatGPT, исто така, ќе може да одговара на прашањата на корисниците со информации од написите на Фајненшл Тајмс, вклучително и линкови до веб-страницата на весникот.

Во последниве месеци, германската Axel Springer Group и францускиот весник Монд (Le Monde) потпишаа договори со OpenAI. Од друга страна, Њујорк Тајмс во декември ја изведе компанијата на суд, тврдејќи дека ChatGPT бил обучен со написи на весникот без дозвола.

ChatGPT го поттикна интересирањето околу вештачката интелигенција пред повеќе од една година.

Ваквите генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција се обучени со огромни количини на информации и можат да формулираат текстови на лингвистичко ниво на човек, да пишуваат софтверски код и да сумираат информации.

Принципот зад ова е дека чет-ботовите проценуваат од збор до збор како треба да продолжи реченицата, врз основа на веројатност.

Манчестер јунајтед именуваше тројца играчи кои нема да го напуштат клубот на лето

Раководството на Манчестер јунајтед одлучи за фудбалерите околу кои ќе го гради тимот во блиска иднина.

Според „The ​​Telegraph“, станува збор за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, играчот од средниот ред Коби Мејну и напаѓачот Расмус Хојлунд. Забележано е дека овие играчи нема да бидат достапни за трансфери во други клубови.

Деветнаесетгодишниот Гарначо оваа сезона одигра 45 натпревари за Манчестер јунајтед на кои постигна девет гола и забележа пет асистенции.

Врсникот на Гаранчо, Мејну има 27 натпревари, три гола и една асистенција.

Дваесет и едногодишниот Хојлунд постигна 14 гола и направи две асистенции на 38 натпревари за тимот од „Олд Трафорд“.

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија - „Бистро-Матно“

Според  барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и об

Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија за април по нивното следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, во „бистрите“ настани ги посочува уапсените 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник и МВР ќе поднесе две кривични пријави поврзани со изборите.

Според барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и обвинителството, како и оценката од Фридом Хаус за назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија. Посочни се и случаите на Управниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, жалбите од граѓаните кај Омбудсманот за долги предистражни постапки на ОЈО Скопје со што застаруваат кривичните дела и Управниот суд кој поништи над 3.000 решенија за унапредување и вработување во Министерството за финансии и јавниот сектор.

притисни ентер