Двете репрезентации имаа свои моменти и серија поени, но сепак конечната разлика од десет поени беше највисоката предност во текот на целиот меч.
Во продолжението пресуди цврстата одбрана на Литванците и серијата грешки на италијанскиот состав.

Јонас Валанчијунас со дабл-дабл учинок од 26 поени и 14 скокови беше најдобриот кошаркар во победничката селекција, а кај Италија се истакна Андреа Барњани со 21 поен.

Литванија во полуфиналето утре од 21 часот ќе игра против Србија која вчеравечер ја совлада Чешка.

Вечерва од 21 часот на програмата е првото полуфинале меѓу домаќинот Франција и Шпанија. 

Датум на објава: четврток, 17 септември 2015 во 09:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар