Вели дека за креирањето на нејзиниот блог пресудна била љубовта кон фотографијата, така што сега низ прекрасни фотографии и текстуални препораки таа им препорачува на странските посетители кои дестинации во Македонија треба да ги посетат, но исто така и каде да пробаат вусна македонска традиционална храна или каде да испијат кафе во староградски амбиент.

Таквиот пристап резултираше нејзиниот блог да биде прогласен за најдобар од Македонија меѓу блоговите наменети за посетителите од странство.

Теона настојува да пренесе автентични искуства и затоа секогаш го препорачува она што таа го посетила или вкусила.

Теона студира на Квин Мери Универизтетот во Лондон каде што е единствена Македонка.


Датум на објава: сабота, 06 мај 2017 во 14:09
Анета Шијакова
Обновено во: 14:22

коментари

остави коментар