Актерот ги нарече тврдењата на двете жени “неточни”, објави Асошиетед прес.

Изјавата на Франко за телевизијата Си-Би-Ес беше направена откако “Њујорк тајмс” го откажа настанот денеска во кој режисерот и ѕвезда од филмот “Катастрофален уметник” заедно со братот на актерот, Дејв Франко требаше да имаат интервју со новинар на медиумот .

Весникот соопшти дека го откажале настанот “со оглед на контроверзните тврдења”.

Актерката Пејли го обвини Џејмс Франко за сексуална злоупотреба по добивањето на наградата “Златен глобус” во неделата.

Режисерката Сара Тајтор-Каплан беше излеволтирана на Твитер од фактот дека актерот носеше беџ на движењето “Тајмс Ап” (Времето истече) за време на церемонијата.

Таа тврди дека Џејмс Франко ја снимал во голи сцени за 100 долари дневно.

Франко рече дека го поддржува движењето Times Up за заштита на жените ширум светот од сексуално вознемирување и дискриминација.

„Горд сум што ја преземам одговорноста за она што го направив. Работите ги кои слушнав и беа на Твитер се неточни, но целосно поддржувам луѓе кои имаат можност да зборуваат, затоа што толку долго време немале. Значи не сакам да ги натерам да молчат во никој случај “, рече актерот.

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 15:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар