Тој денеска на прес-конференција на новинарско прашање ги отфрли ваквите пишувања на некои портали како дезинформации и го појасни проектот „Паркирај и вози“, кој што го најавил во изборната кампања, а кој досега, вели, никој го нема понудено, како идеја која треба да помогне за релаксирање на сообраќајот во градот.

- Проектот „Паркирај и вози“ (park&ride) е проект кој што опфаќа можност за луѓето кои доаѓаат надвор од Скопје на организиран начин и безбедно да ги остават своите возила на паркинзите што ќе ги изгради Градот Скопје на влезот од градот и од таму да го користат јавниот градски превоз за да ги завршат своите потреби. Тоа е цел концепт кој што сметаме дека доколку биде понуден на сограѓаните ќе го користат.  За нив ќе биде многу поевтино бидејќи во една цена ќе имаат и паркирање на возилото и користење на јавниот градски превоз, рече Шилегов.

Овој проект нагласи е дел и од системското решавање и менување на концептот на јавниот градски превоз, на кој градот работи, а со цел тој да стане поквалитетен за скопјани и за посетителите.

Според некои проценки во јавноста, секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста, кои што значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 13:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:18

коментари

остави коментар