Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Крајниот рок за достава на пријавите за грант е 22 април 2024, 16:00 часот по локално време.

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“, финансиран од Европската унија, објави Втор повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.

Крајниот рок за достава на пријавите за грант е 22 април 2024, 16:00 часот по локално време.

Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 11.747.423 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:

минимален износ: 1.230.000 денари

максимален износ: 2.460.000 денари.

Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете подолу:

Повик за финансиска поддршка / Водич за подносители на пријави за грант

Обрасци за поднесување пријава:

Прилог А – Образец: Пријава

Прилог Б – Образец: Буџет

Повик за финансиска поддршка/Водич за подносители на пријави за грант (албански).

Проектот „АгроСмарт - Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП)

Адетокунбо и Лилард неизвесни за натпреварот број 5 од плејофот против Индијана

Голема е веројатноста Милвоки бакс да го одиграат петтиот натпревар од серијата со Индијана пејсерс без своите двајца лидери.

Ѕвездите на тимот Јанис Адетокунбо и Демијан Лилард се очекува да го пропуштат натпреварот поради повреда.

Милвоки губи од Индијана во плејоф серијата од првото коло со 3:1 и е пред елиминација.

Петтиот натпревар ќе се игра во 3:30 часот по полноќ по македонско време.

Лилард има истегнување на Ахиловата тетива, повреда добиена во последната четвртина од натпреварот број 3 во петокот.

Адетокунбо не одигра ниту еден натпревар во серијата поради повреда на потколеницата.

НБА инсајдерот Шамс Шаранија објави дека двајцата играчи имаат непријатни повреди на мускулите кои претставуваат ризик од посериозно оштетување во случај на принудно враќање на теренот.

Во Кенија по поплавите се трага по најмалку 91 лице

Службите за вонредни ситуации на Кенија денеска трагаат по најмалку 91 лице исчезнато во поплавите што ја погодија земјата, јавија светските агенции, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.

Најмалку 46 лица го загубија животот изутрината во одрон и поплава во градот Маи Махиу во централна Кенија, соопшти Министерството.

Преживеаните во Маи Махиу рекоа дека водата однела куќи, автомобили и железнички линии.

Уште 53 лица се водат како исчезнати во Маи Махиу, соопшти Министерството за внатрешни работи, а 76 лица се водат како исчезнати, соопшти Црвениот крст на Кенија.

Најмалку 169 луѓе загинаа во Кенија како последица на обилните дождови и поплавите минатиот месец. Повеќе од 185.000 се раселени, покажуваат владините бројки.

Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе

Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови лица, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до нацијата, цитирано од српската јавна телевизија РТС.

Вучиќ изрази надеж дека владата ќе биде формирана во следните два дена и рече дека повеќе од 30 отсто од неа ќе бидат „целосно нови луѓе“. Останатите ќе бидат луѓе кои покажале резултати во претходниот период.

На 17 декември 2023 година во Србија се одржаа предвремени парламентарни избори, а локални избори во Белград и во 64 други градови и општини. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија на Вучиќ освои 129 места, додека опозициската коалиција Србија против насилството стана втора сила во парламентот со 65 места.

Српскиот претседател ја потврди и посетата на неговиот кинески колега Си Џинпинг на Белград, која ќе се одржи на 7 и 8 мај.

Вучиќ посочи дека во Србија ќе се реализираат проекти за забрзан технолошки развој во области каде земјата нема доволно знаење, како роботика, сателитски технологии, летечки автомобили.

притисни ентер