„13 Чуда од Македонија“ на фестивал во Италија

Македонскиот краток филм „13 Чуда од Македонија“ во продукција на „Трето уво“ од Скопје, влезе во конкуренција во официјалната програма на меѓународниот фестивал на археолошки филмови во Роверето, Италија.

Јубилејното 25-то издание на овој светски респектиран фестивал ќе се одржи од 7 до 11 октомври во Роверето, а ќе бидат прикажани вкупно 44 филмoви од 15 земји во светот: Италија, Франција, Америка, Шпанија, Малезија ...

Филмот е посветен на македонската милениумската цивилизација, духовно и културно разгранетиот хоризонт на македонското постоење и ја позиционира Македонија како базична цивилизациска оска на Балканот, Медитеранот и Европа.

Во целиот пропаганден материјал, во печатените и електронските медиуми филмот и Македонија се најавувани под уставното име на државата.

„13 Чуда од Македонија“ е единствен филм од балканските земји што успеа да влезе во официјалната конкуренција на овој престижен фестивал.

Кара-Мурза останува во затвор 25 години, одбиена е жалбата на најголемиот непријател на Путин

Рускиот Врховен суд ја отфрли жалбата на пресудата за 25-годишна затворска казна за предавство поднесена од критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, објавија денеска странските агенции.

Кара-Мурза е со двојно државјанство, руско и британско, и постојано ја критикуваше војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин и лобираше за санкции од Западот против Русија.

Опозицискиот политичар беше уапсен два месеца пред почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година и беше обвинет за ширење лажни информации за руските вооружени сили и прогласен за „странски агент“.

Руската полиција го приведе неколку часа откако Си-Ен-Ен емитуваше интервју со него во кое тој тврдеше дека Русија ја води „режим на убијци“. Тој подоцна беше обвинет за предавство за говорите што ги одржа, вклучително и еден во Претставничкиот дом на Аризона, кога рече дека Русија бомбардирала украински домови, болници и училишта, што Москва го негира.

Државното обвинителство го обвини дека „свесно шири лажни информации“ за акциите на руските сили во Украина, а неговата сопруга Евгенија изјави дека се плаши за неговиот живот по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во февруари.

Кара-Мурза во жалбата наведува дека не сторил никакво кривично дело и дека е осуден исклучиво затоа што го искористил правото на слобода на говор и јавно се спротивставил на Путин и војната во Украина.

Тој овој месец ја доби Пулицеровата награда за есеј на Вашингтон пост.

Во Турција уапсени 544 лица поради врски со Фетула Ѓулен

Турските власти уапсија 544 лица осомничени за врски со  свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година.

-Во операцијата спроведена во 62 од 81 турски провинции се уапсени 544 лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х.

Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и користеле шифриран комуникациски систем Бајлок. /МИА

Отворен првиот центар за поддршка и советување на момчиња и мажи

Прв центар за поддршка и советување на момчиња и мажи беше отворен денеска во рамки на просториите на Младинскиот центар „Сакам да знам“.

Весна Матевска, програмска координаторка во ХЕРА, на прес-конференцијата на отворањето изјави дека центарот од денеска нуди бесплатни советувања и поддршка со психотерапевти и психолози за момчиња и мажи.

- Советувањата ќе се спроведуваат со физичко присуство или преку виртуелни канали. Центарот ќе биде отворен за услуги вторник, среда и четврток од 10 до 17 часот. Термините треба да се закажат на телефонскиот број 070/299- 026, на електронската пошта [email protected] или на Instagram @man.mind skopje, појасни Матевска.

Според ХЕРА, центарот за советување и поддршка на момчиња и мажи е потребен затоа што родовата еднаквост се однесува поедеднакво на сите полови.

- Овој центар ќе овозможи безбедна и пријатна средина во која момчињата и мажите отворено ќе зборуваат за своите потреби и ќе побараат поддршка без некој притоа да ги етикетира. Тие сега ќе имаат свое место во кое отворено ќе може да побараат решение за предизвици и во кое ќе може момчињата да добијат поддршка за емоционален раст и развој, дополни таа.

Матевска посочи неколку истражувања кои покажуваат дека младите имаат сериозни предизвици со менталното здравје, мажите се најголем дел од жртвите на насилни злосторства и дека мажите имаат поголеми изгледи за самоубиство.

Терапевтите ќе работат по моделот на Австриското Здружение за машки и родови прашања Стирија од Грац, Австрија, а со финансиска поддршка од австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

На отварањето се обрати Кирил Тројачанец кој е психолог и експерт за стрес, и укажа дека општествените очекувања ги притискаат момчињата од најмала возраст да не ги покажуваат своите емоции, што е причина за постојан стрес и ранливо ментално здравје. Тројачанец упати директна порака до момчињата дека молкот не е одговор кога се соочуваат со врсничко насилство.

Ленче Алексовска Величковска – спортски психолог, истакна дека очекувањата што тренерите, соиграчите и навивачите ги поставуваат врз спортистите од една страна може да послужат како мотивирачка сила, поттикнувајќи ги да го постигнат најдоброто од себе, меѓутоа, кога очекувањата се преголеми, тие доведуваат до зголемен стрес и анксиозност и насилно однесување. /МИА

притисни ентер