“Фатална вујна“: Хрватка го завела малолетниот внук, а потоа нејзиниот маж умрел под сомнителни околности – следува вистинска шпанска серија

Слаѓана Новоселник (35) од Вировитица во Хрватска, позната како “фаталната вујна“, како што ја нарекоа во медиумите, ослободена е од обвинението дека го поттикнувала внукот на својот маж, со кого имала афера, да го изврши тешкото убиство на нејзиниот сопруг Домагој Новоселник.

Внукот, кој сега има 23 години и беше осомничен за убиство на својот вујко, добил осум години малолетнички затвор. После пресудата “фаталната вујна“ заплакала и се прекрстила, а момчето не се ни појавило.



Инаку, Слаѓана Новоселник обвинета е дека во јули 2011 година во Врисник на Хвар го наговорила внукот, кој тогаш имал 17 години и со кој била во љубовна врска, да го убие нејзиниот сопруг Домагој, поради што поедини медиуми ја нарекоа “фаталната вујна“.

Прво и двајцата тврделе дека Домагој извршил самоубиство, но потоа истрагата покажала поинаку, внукот прво ја презел вината,а после некое време ја обвинил и вујната. На првото судење на судот во Сплит, неправосилно е осудена на 22 години затвор, а внукот добил 10 години, што била максималната казна за малолетник. Врховниот суд пресудата ја укинал со образложение дека не е доволно добро докажано дека Слаѓана го наговорила внукот да го изврши убиството.

Повтореното судење внукот го дочекал на слобода, кога му истекнал притворот, а после него на слобода се нашла и вујната. Внукот во меѓувреме се оженил и станал татко.




Инаку, љубовта меѓу внукот и вујната траела и додека биле во притвор во Сплит.

„Ти знаеш дека овде стојам невина. Ти си љубовта на мојот живот“ – му пишувала Слаѓана на внукот. Писмата му ги оставала под камен во затворската просторија за шетање пред чуварите да ги откријат.

Јорго Огненовски, Зоран Јованчев и Јанко Бачев во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе дебатираат Јорго Огненовски, Зоран Јованчев и Јанко Бачев.

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Јорго Огненовски од Демократи, Зоран Јованчев од Родина и Јанко Бачев од Единствена Македонија.

Дали мај мириса на промени или на статус-кво, можни ли се тектонски поместувања на политичката сцена?

Се кројат ли коалиции без да се знае исходот на изборите?

Како ќе одговорат на повикот на Мицкоски за национално обединување?

Ако не ЕУ и НАТО, која е алтернативата?

Како до држава без корупција и криминал?

Вечерва во Само Вистина Јана Јосифоска со Јорго Огненовски, Зоран Јованчев и Јанко Бачев, по вестите во 18.

Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“

 Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“. Филмот е меѓународна копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и ЕУРОИМАЖ, од каде и доаѓа креативната и техничката еки

Филмот ќе се снима до крајот на мај 2024 година, на живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија,соопштија од продукцијата Веда Филм од Скопје.

Сценариото е на Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф Илина Чолак, маска и шминка Симона Ристевска и кастинг директор Киријана А. Николовска.

Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана

Како што соопштува продуцентот Елена Станишева, филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството обликувано од патријархалното и традиционалното. Улогите во филмот ги играат четири жени, сите од различни генерации, меѓусебно поврзани: Зорица Нушева во главата улога, Долорес Поповиќ - Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска.

Ова е едниствениот македонски филм развиван во рамки на најпрестижната европска програма Torino Film Lab (Script Lab 2019). Филмот е награден со прва награда меѓу сите алумни на Torino Film Lab во период од 2018 до 2022 година, од најголемите Нетфликс студија во Холандија кои ќе ја работата пост-продукцијата на филмот.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и националните фондови на земјите копродуценти на филмот.

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено.

Нови 30 дена притвор добија двајцата осомничени за бруталното убиство на 2-годишната Данка Илиќ..

Судот во Зајечар им го продолжи притворот на 50-годишните Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради проценката дека постои опасност тие да побегнат, да влијаат врз сведоци и да уништат или отстранат траги од извршување на кривично дело, објавија српските медиуми.

Полицијата ги уапси нив под сомнение дека прво ја удриле малата Данка со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонија. Во притвор е и таткото на еден од нив под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето..

притисни ентер