,,Ѓаволската порака” од 17. век дешифрирана

Научниците конечно успеаја да ја дешифрираат ,,Ѓаволската порака “ , напишана од италијанска калуѓерка .

Пораката напишана со чудни симболи и знаци , а која според преданието лично ѓаволот и ја диктирал на калуѓерката Марија Крочифиса дела Концесионе е дешифрирана со помош на науката . Калуѓерката била толку обземена од зборовите во пораката штом паѓала во транс .

Била користена ,,темната страна “ на алгоритамскиот систем , велат научниците од Лудум институтот на Сицилија.

Според директорот на институтот , Даниел Абате , писмото било споредено со грчкиот алфабет , арапската , латинската и рунската азбука .

,, Навистина ја откривме ѓаволската порака “ – вели Абате.

Во писмото Господ , Исус и Светиот Дух се спомнуваат како мртов товар и дека човекот го измислил Господ. Научниците веруваат дека калуѓерката добро владеела неколку јазици , што и овозможило да го измисли кодот во кој ја пишувала пораката .

Откако е објавен преводот на писмото бројни сатанистички организации се јавувале со закани кон научниците .

Кои се најпродаваните мобилни телефони во првиот квартал?

Телефоните од два производители доминираат на листата на најпродавани телефони во првите три месеци од оваа година.

Според резултатите од истражувањето на аналитичката компанија „Counterpoint Research“, „Apple“ и „Samsung“ доминираат на листата на топ-10 најпродавани паметни телефони во првиот квартал од 2024 година.

Најпродаван телефон во периодот јануари-март е „iPhone 15 Pro Max“, од „Apple“, со пазарен удел од 4,4%.

По него следат „iPhone 15“ и „iPhone 15 Pro“ на второто и третото место. На четвртата позиција по продажба се најде „iPhone 14“, кој беше најпродаван телефон во истиот период минатата година.

Петтото место го зазема првиот телефон кој не доаѓа од понудата на „Apple“, а тоа е „Galaxy S24 Ultra“ на „Samsung“.

Истражувањето на „Counterpoint“ покажува некои други интересни трендови во телефонската индустрија во првите месеци од оваа година:

• за прв пат, сите модели во топ-10 имаат „5G“ способности;

• трендот на купување на премиум модели е очигледен, бидејќи седум од 10 модели припаѓаат на премиум сегментот (цена од 600 долари или повеќе);

• потрошувачите побавно ги менуваат своите постоечки телефони, бидејќи надградените модели нудат помалку разлики во функциите.

Последната ставка доведува до тоа потрошувачите да претпочитаат да се одлучат за премиум модели на телефони, со премиум карактеристики, за да се осигураат дека нивните уреди ќе останат технолошки релевантни во годините што доаѓаат.

„Counterpoint Research“ предвидува дека 10-те најпродавани паметни телефони ќе заземат поголем дел од вкупната продажба на паметни телефони во иднина, бидејќи производителите се фокусираат на понудата на помалку модели што ќе се пофалат со врвни карактеристики, вклучувајќи го и „GenAI“.

Извор: Б92

Самит на „Македонија 2025“ на 15 и 16 мај во Скопје

Над 400 гости, околу 50 панелисти поделени на 12 панели и три главни говорници ќе има на годинашниот Самит во организација на невладината „Македонија 2025“, што на 15 и 16 мај ќе се одржи во Скопје.

Над 400 гости, околу 50 панелисти поделени на 12 панели и три главни говорници ќе има на годинашниот Самит во организација на невладината „Македонија 2025“, што на 15 и 16 мај ќе се одржи во Скопје, на кој главен фокус ќе биде како да дојдеме до повисоки стапки на раст на економијата.

-На Тринаесеттото издание на Самитот на Македонија 2025 ќе бидат обработени теми како да дојдеме до повисок економски развој, подобра регионална соработка, лидерство, развој на семејни бизниси, дигитална трансформација на бизниси, механизми за намалување на корупцијата. Ќе порачаме дека ние како организација сме спремни и отворени за поддршка на новата влада за постигнување на повисоки стапки на раст од 5 или 6 проценти и за начинот како да дојдеме до тоа, истакна извршниот директор на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска Блажевски на денешната средба со новинарите.

Во периодот од мај 2023 до мај годинава, како што кажа, „Македонија 2025“ имплементира околу 40 програми, во септември лани организира Хуманитарна гала во Америка на која се собраа финансиски средства за имплементација на програмите на невладината организација.

-Таму успеавме да собереме околу 450 лица од нашата дијаспора кои се надевам дека во иднина ќе придонесуваат повеќе во развојот на „Македонија 2025“, рече Мојсоска Блажевски.

Нагласи дека „Македонија 2025“ пред два месеци излезе со програма „Една визија за забрзан раст“ со која планира да влијае врз носителите на политики за да има побрз и поголем просперитет во државава.

-Изминатите месеци повеќе бевме фокусирани на разговори со политичките чинители. Се обидувавме да ги убедиме да применат или во идните програми да предвидат мерки и активности за кои сметаме дека се клучни за развојот на Македонија, почнувајќи од намалување на корупција, зголемување на конкурентноста на компаниите, дигитализација на владини услуги и подобрување на односите со дијаспората, потенцира Мојсоска Блажевски.

Во деновите до почетокот на Самитот, додаде, „Македонија 2025“ ќе организира околу пет предавања на високообразовни институции и исто толку работилници во коморите и во некои компании со совети како да растат бизнисите, но и неколку средби со државни институции во областа на дигтализацијата, економијата и привлекување на инвестиции, како и со политичките партии.

Во Штип од утрово гласаат 208 болни и немоќни лица, а во Затвор-Штип 206 осуденици

Без проблеми се одвива гласањето на болните и немоќни лица во Општина Штип, информира денеска за МИА претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев.

Вкупно 208 болни и немоќни лица ќе го остварат своето право на глас на двојните избори, односно гласаат за вториот круг на претседателските избори и за парламентарните избори.

МИА беше на терен со членовите на Избирачкиот одбор 2282 во штипската населба Железничка. Претседателот на ИО 22 82, Марјан Арсов информира дека денеска своето право на глас го остварија три болни и немоќни лица. За утре им е подготвено избирачко место, кое ќе го отворат во 7 часот, а ќе го затворат во 19 часот.

-Согласно правилата од ДИК, имат право еднаш да пристапат и треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата вида на избори или само за едниот. Во зависност од нивната одлука така ќе се спроведе гласањето, односно ќе добијат едно или две гласачи ливчиња, изјави Марјан Арсов, претседател на ИМ 2282-Штип.

Во штипската приградска населба „Железника“ гласаа 76 годишната Слободанка Гошова и 81 годишната Митра Арсова. Велат дека секој треба да го искористи своето демократско право.

- Треба да се излезе на гласање, се знае гласање што е, треба да се излезе, изјави Митра Арсова.

Слободанка Гошева пак вели дека неколку години гласа во домашни услови и добро е што се овозможува на болните и немоќни лица да гласаат.

- Обавезно, обавезно треба да се гласа, посебно младите. Ние кога можевме дотерани одевме на гласање, бидејќи тоа е свечен чин, изјави Гошова.

Во 7 часот наутро беше отворено и избирачкото место во Казнено поправната установа – Затвор – Штип. Андријана Хаџи Николова, заменик претседател на Избирачки одбор вели дека гласањето се одвива без проблеми.

- Имаме 206 избирачи и во двата избирачки списоци, за претседателсио и за парламентарни избори и досега има излезено 71 гласач, вели Хаџи- Николова.

Излезност во Затвор Штип до 11 часот е скоро идентичен со првиот круг претседателски избори, односно, своето право на глас го искористиле 35 проценти од избирачите.

притисни ентер