Истражување: Скопјани со најголеми, а крушевчани со најмали можности за здравствена заштита

Драстично големи разлики помеѓу 30-те здравствени региони во земјава во однос на можностите за здравствена заштита, покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации. 

Крушевчани имаат најмалку можности за соодветна здравствена заштита, каде во целиот регион има само 10 лекари во единствениот здравствен дом во градот. На врвот на ранг-листата се наоѓаат поголемите градови, предничи Скопје, а на дното се помалите градови. Сепак, според Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации недостигот на здравствени услуги повеќе или помалку е присутен секаде.

-Можеби малку грубо ќе звучи, но нема поштеден град, што значи нема поштедени жители. Во секој град има по некоја здравствена услуга која што недостига или тешко се остварува така што за нас беше изненадувачка оваа голема разлика меѓу градовите и нееднаквост на жителите односно не е сеедно дали живеете во Скопје или Крушево ако сакате да добиете некоја здравствена заштита.

Според Филков најпоразителни податоци од извештајот е недостатокот на медицински кадар ширум земјата, обемот на здравствената заштита на децата од 0 до 6 години во градовите. Ако во Виница една педијатриска служба посетуваат 129 деца, во големите градови како Охрид, Прилеп и Скопје во една служба има повеќе од 3000 деца. Поразителен е и фактот што во 3 градови во земјава нема гинеколог. Според извештајот во однос на бројот на жени кои посетуваат една гинеколошка служба, најлоша е состојбата во Прилеп каде една служба покрива и до 36.000 жени.

-Она што е најзапрепастувачки е што во 6 градови има ваква служба за деца на претшколска возраст од 0 до 6 години, меѓутоа немаат лекар во службата така што за ваква потреба за ваков преглед мораат да патуваат во некој соседен град. Исто така интересни бројки се и за служби за здравствена заштита на жена, односно за гинеколози. 3 града немаат воопшто ваква служба, меѓутоа има градови што имаат служба а немаат исто така гинеколози.

Филков потенцира дека препораките од ова истражување е да се направи изедначување на можноста на пружање здравствена заштита во секој град и да не се дозволи да има недостаток од основни лекарски служби како гинеколози и педијатри.

Трајан Ангелоски панелист на Економскиот форум во Јахорина

„Економскиот форум Јахорина“ е водечки регионален настан од областа на економијата.

На седмиот „Економски форум Јахорина“ на тема „Западен Балкан - долгорочни развојни насоки“ од 14 до 16 мај 2024 година, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски денес учествуваше на првиот панел "Еден регион, еден пазар".

„Економскиот форум Јахорина“ е водечки регионален настан од областа на економијата, кој од 2016 година собира врвни експерти, носители на одлуки и бизнис лидери - шефови на држави, министри, претставници на државни институции од целиот регион, успешни бизнисмени на меѓународни и регионални компании, реномирани научници, кои преку дискусија доаѓаат до релевантни заклучоци како да се подобрат јавните политики, економијата во регионот.

Ангелоски како сопственик на реномирана регионална групација од машинската индустрија која долги години работи на меѓународните пазари и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација посочи на панелот: "Веруваме дека заедничкиот регионален пазар ќе обезбеди развој на регионалните индустрии и ќе привлече глобални инвеститори. Заедничкиот регионален пазар ќе може да има корист од зголемените можности генерирани од слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал во регионот, според тоа, претставниците на приватниот сектор, особено Стопанските комори, играат клучна улога во спроведувањето на акциониот план за заеднички регионален пазар. ЕУ останува клучен партнер за Западен Балкан во спроведувањето на овој амбициозен и трансформативен акциски план, бидејќи силниот и просперитетен Западен Балкан претставува неизоставен придонес кон европската економија и безбедност и помага во обликувањето на иднината на нашиот заеднички континент".

"Јахорина економски форум" прерасна во деловен состанок посветен на анализа и дискусија за клучните економски предизвици и можности кои го обликуваат регионот. Организиран со поддршка од највисоките институции, Форумот се издвојува како клучен генератор на идеи и препораки за подобрување на економската политика,визионерите и клучните носители на одлуки за да ја обликуваат заедничката иднина на регионот.

Сојуз на Стопански комори на Македонија

Словачкиот премиер Роберт Фицо ранет во пукање по состанок на Владата

Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во пукање по седница на Владата, јави новинската агенција ТАСР.

Агенцијата го цитираше потпретседателот на Парламентот, Лубос Блаха, дека Фицо бил застрелан и повреден.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.

Словачката телевизија ТА3 објави дека биле испукани четири куршуми, при што еден го погодил Фицо во стомакот. /МИА

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

 Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски на Меѓународниот ден на семејството, денеска посети згрижувачко семејство во Упштина Чаир, каде што се згрижени пет деца.

Тој потенцира дека ваквите примери се за пофалба.

-Токму од ова семејство ќе пораснат здрави индивидуи кои ќе градат здраво општество. Се радувам кога ќе видам како вложувањето во децата на крај се исплати, рече министерот Велковски.

Според него, парите за згрижувачите не треба да бидат мотив да се стане згрижувач, туку тоа треба да биде љубовта и прифаќањето.

Тој најави градење на политика за воведување на Европска детска гаранција со цел да се обезбеди секое дете да има пристап до квалитетни услуги.

Министерот Велковски порача дека семејството е темелот на денешницата, децата се создаваат од семејната средина, а токму од таму се гради идниот свет.

Воедно потенцира дека на секое дете мора да му се гарантира заштита и да му обезбедиме достоинствен раст и развој.

-Голем број на деца во нашата држава живеат во сиромаштија, исклучени од системите на заштита и лишени од многу права. Други пак деца остануваат без биолошките семејства. Нивното место е да продолжат да живеат во семејство и тоа со помош и поддршка на згрижувачи, затоа што тоа е најблиска форма до семејната,порача Велковски.

Тој најави градење на политика за воведување на Европска детска гаранција со цел на секое дете да му се обезбеди пристап до квалитетни услуги.

притисни ентер