„Метаморфоза“ - ликовен перформанс под отворено небо

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)вечер, во рамки на Скопско лето 2014, ја организира изложбата „Метаморфоза“.

Станува збор за ликовен перформанс што ќе се одржи под отворено небо на повеќе локации, пред Домот на АРМ и на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“.

Куратор е Христијан Санев, ликовен уметник и член на раководството на ДЛУМ, а учествуваат повеќе автори, Гордана Вренцоска, Исмет Рамиќевиќ, Деспина Крстевска, Филип Фидановски, Ели Аиноска, Јана Манева Чупоска и Јовица Мијалковиќ.

- Во оваа брзо и хаотично секојдневние на интереси, во областа на истражувањето, уметниците се движат во две насоки, едната води кон човекот (авторот) внатрешно, во потрага по приватни простори и лични идентитети, а вториот кон надвор, неговата околина, во потрага по нови светови и нови хоризонти. Современиот визуелен дискурс во двата случаја нуди нови интригантни можности во изразувањето, неограничувајќи го ликовниот говор, притоа ширејќи ја ликовната синтакса во импозантни неограничени размери, вели Санев.

Дел од авторски дела ќе може да се видат само во одредено време - ликовниот перформанс на Јовица Мијалковиќ во 20:30 на плоштадот „Филип Втори“, ликовно- театарскиот перформанс на Јана Манева Чупоска во 21 часот пред излогот на продавницата „Калиопе“ и ликовниот перформанс на Филип Фидановски во 22:30 пред ресторанот „Тиволи“. Останатите дела ќе бидат поставени целата вечер, од 20 до 24 часот. /МИА

Фото: Џенифер Лопез во чуден стајлинг на улиците на Њујорк

Светската музичка ѕвезда  Џенифер Лопез го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави. 

Без разлика дали станува збор за концерт, настап или улога во филм популарната Џеј Ло е присутна во медиумите и поради својот совршен моден стил.

Многу жени ги следат нејзините стајлинзи, бидејќи таа стана вистинска стилска икона и инспирација за многу трендсетерки.

Но, понекогаш се случува, како што е сега, дури „жешката Џеј Ло“, заведена од трендот, да направи моден кикс . Да се појави во јавност во стајлинг кој ќе добие повеќе негативни отколку позитивни коментари.

Мегапопуларната пејачка прошета по улиците на Њујорк во особено необична комбинација на фармерки, кои се сè само не убави. Моделот кој се наоѓа на полиците на познатите брендови, овие фармерки се хит меѓу ѕвездите, тие изгледаат искинато, валкано, но сега беа изборот на убавата Џеј Ло.

Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер