„Nintendo“ најави исклучување на онлајн услугите за „3DS“ и „Wii U“

Конзолите „Nintendo Wii U“ и „Nintendo 3DS“ веќе нема да имаат мрежна функционалност од следната година.

„Nintendo“ објави дека на почетокот на април 2024 година ќе ја исклучи сета онлајн комуникација за нивните стари платформи.

Ова значи дека игрите на „3DS“ и „Wii U“ веќе нема да се репродуцираат во режим на онлајн мултиплеер, а нема да може да се играат ниту онлајн ранг листите и другите форми на онлајн играње.

Патем, ова е продолжение на испраќањето на старите конзоли на „Nintendo“ во минатото.

Претходно оваа година, купувањето на дигитални игри преку „eShop“ беше оневозможено за „Wii U“ и „3DS“. Пред девет години „Nintendo“ го направи истото за тогашните платформи „Wii“ и „DS“.

Извор: Б92

Иранците гласаат во вториот круг од парламентарните избори

Жителите на 22 изборни единици низ државата ќе изберат 45 пратеници од 90 можни. Од нив, 15 се сметаат за умерени кандидати. Во главниот град Техеран ќе бидат избрани 16 пратеници меѓу 32 кандидати, сите од групата.

Иранците денеска гласаат во вториот круг за останатите испразнети места во Парламентот на Исламската Република, откако во првиот круг од изборите во март доминираше најголемата тврдокорна група, составена од поранешни членови на елитната Револуционерна гарда и поврзаната милиција Басиџ, како и други политичари лојални на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Жителите на 22 изборни единици низ државата ќе изберат 45 пратеници од 90 можни. Од нив, 15 се сметаат за умерени кандидати. Во главниот град Техеран ќе бидат избрани 16 пратеници меѓу 32 кандидати, сите од групата.

На изборите во март, тие освоија 200 места во Парламентот со 290 места, додека поумерените кандидати освоија 45 места. Излезноста на гласачите беше 41 отсто.

Конечните резултати се очекуваат в понеделник, иако пребројувањето на гласовите во помалите изборни единици најверојатно ќе заврши порано.

Иранскиот Парламент има секундарна улога во управувањето со земјата. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за важни прашања во Исламската Република.

Британската економија оствари раст за 0,6 oтсто во првиот квартал од годинава и излезе од рецес

Економијата во Велика Британија, според прелиминарните проценки, оствари раст за 0,6 отсто квартално во првиот квартал од 2024 година и излезе од техничката рецесија, објави денеска Британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Кварталниот раст во британскиот услужен сектор е 0,7 отсто, во преработувачкиот сектор 0,8 отсто, додека градежништвото падна за 0,9 отсто, пренесува „Гардијан“.

На годишно ниво, британската економија оствари раст за 0,2 отсто во однос на истиот квартал од 2023 година.

Познат редоследот за настапи на евровизиското финале, најгледан настапот на Ирска

 Евровизискиот домаќин - Шведска ќе го отвори евровизиското финале што ќе се одржи утревечер, а Австрија ќе го затвори годинешниот музички натпревар.

Дваесет и шест песни ќе се натпреваруваат на сцената во Малме, а најголеми шанси за победа во моментов, според обложувалници на интернет, имаат песните на Хрватска, Израел, Швајцарија, Ирска и Франција.

Најгледан евровизиски настап моментално е тој на Ирска со над 4.229.000 прегледи на „Јутјуб“. Потоа следува настапот на Хрватска со повеќе од 4.218.000 прегледи.

притисни ентер