Американец има ужасна професија – чисти сцени на убиства и објавува фотографии од работата

Американецот Нил Смитер се занимава со чистење на просториите по убиства и самоубиства.

Тој ја основал компанијата „ Crime Scene Cleaners Inc “,која исклучиво се занимава со расчистување на сцените на криминалот и досега има направено илјадници вакви работи. За LadBible изјави дека станува збор за работа како и секоја друга.

„Сум бил на места каде што луѓето биле затворени и измачувани. Во друг случај некој скокнал од хеликоптер. Сум чистел места на самоубиства, убиства, смрт со пукање, отров ... Сè.“, Вели Нил.

"Не се вознемирувам од она што го гледам кога ќе стигнам до сцената за убиство или самоубиство. Стигнувам таму и работам, исто како што момчето во Мекдоналдс цел ден пече хамбургери", вели Смитер, кој ја добил идејата за бизнис гледајќи го филмот на Тарантино.

"Го гледав Pulp Fiction и тоа беше сцена каде Вулф (го игра Харви Кајтел) влегува и ја чисти куќата на Џими Димик. Тоа беше еден вид на просветлување за мене. Мислев: Дали јас можам да го сторам тоа", вели Смитер кој наскоро собрал информации и отворил бизнис. Сè што требаше да стори беше да почека телефонот да заѕвони за првата работа, и му требаше една година од идејата до првиот ангажман.

Неговата прва работа беше чистење зад самоубиството на една старица која страдала од карцином. Бил ангажиран од нејзината сестра.

„Бев возбуден, многу возбуден. Не заради сцената што ја видов, туку затоа што мојата работа ќе започне. Заработив тогаш 400 долари“, вели Смитер, кој видел илјадници слични сцени по самоубиството на старицата.

Тој отворил и профил на Инстаграм на кој поставува слики пред и по чистењето. Него го следат скоро половина милион љубопитни. Тоа го изненадило, вели тој, што толку многу луѓе сакаат да ги погледнат тие слики.

"Мислам дека смртта е последна станица, така да се каже. Никој не знае ништо за тоа. Многу малку луѓе се изложени на вакви сцени и сите сакаат да знаат што се случува и зошто се случува и што е следно. Ние сме во можност да им дадеме дел од сликата . Мислам дека сум привлечен за луѓето на Инстаграм затоа што не им кажувам многу, така што работи нивната фантазија “, заклучува тој.

Tаравари се сретна со европскиот емисар Питер Ванхоуте

Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце .

Претседателот на Алијанса за Албанците , Арбен Таравари во текот на денешниот ден одржа средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте.

"Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Ван Хојтен. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!", пишува Таравари.

Потсетуваме дека дипломатот Питер Ванхоуте има мандат од Европската Унија како посредник за уставни измени.

Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот

Израелците денеска одржаа двеминутно молчење за жртвите на Холокаустот, 80 години по убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во Европа и Северна Африка.

Сирените се огласија низ Израел точно во 10 часот по локално време за комеморацијата на загинатите Евреи во Втората светска војна.

Пешаците и возилата запреа на улиците и главните автопати, а возачите и патниците излегоа со наведнати глави, јавија израелските медиуми.

По двеминутно молчење, почна церемонијата во Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим по повод Денот на сеќавањето на жртвите.

Синоќа во Јад Вашем, на почетокот на одбележувањето на Денот на сеќавање на холокаустот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денес, како и тогаш, пред осум децении, доколку Евреите бидат принудени сами да се спротивстават на непријателот, Израел ќе го направи тоа.

- Пред осумдесет години во холокаустот, еврејскиот народ беше целосно беспомошен против оние кои тежнееја кон наше уништување. Ниту една земја не дојде да ни помогне. Денес повторно се соочуваме со непријател кој сака да не уништи, рече израелскиот лидер, алудирајќи на меѓународно спротивставување на воената операција во Рафа во Газа, закани со потерници од Меѓународниот кривичен суд во Хаг и критики за однесувањето на израелската армија во борбите на палестинската територија.

Нетанјаху рече дека нема притисок, одлука, меѓународен форум што ќе го спречи Израел да се брани. Тој го отфрли меѓународниот притисок да се запре војната во Газа.

- Како премиер на Израел, една и единствена еврејска држава, ветувам овде од Ерусалим на Денот на сеќавањето на холокаустот, ако Израел биде принуден да стои сам, Израел ќе застане сам, рече израелскиот премиер и оцени дека Израел не е сам затоа што безброј достојни луѓе ширум светот ја поддржуваат каузата на земјата.

Тој го спомена и американскиот претседател Џозеф Бајден, велејќи дека американскиот лидер е посветен на одговорноста научена од холокаустот.

- На Денот на сеќавањето на Холокаустот, жалиме за шесте милиони Евреи кои беа убиени во едно од најтемните поглавја во човечката историја, објави Бајден на X, додавајќи дека ја повторува својата посветеност на лекциите од Холокаустот и ветувањето за „никогаш повторно“.

Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против

 Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин

Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано.

Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

притисни ентер