Американско-кинеската „војна“ со микрочипови

Со месеци САД се обидуваат со санкции да ја спречат Кина да увезува и произведува врвни микрочипови.

АРД

Со месеци САД се обидуваат со санкции да ја спречат Кина да увезува и произведува врвни микрочипови. Тие се, на пример, потребни за развој на вештачката интелигенција, за патување во вселената и за модерната воена индустрија. На санкциите им се приклучија и Холандија и Јапонија.

Кина, имено, сè уште не може сама да произведува високотехнолошки микрочипови и затоа е зависна од увоз на чипови и машини за нивно производство од странство.

Но, колку санкциите навистина влијаат врз Кина? И каква улога игра Тајван во сето ова?

Цените на чиповите експлодираа

Автономните автомобили веќе една година возат на одредени патишта во јужната кинеска технолошка метропола Шенжен. По коловозот се движат целосно без возач, а со нив има само еден сопатник кој може да интервенира во случај на опасност. Градот со дванаесет милиони жители, кој некои го нарекуваат „Кинеската Силиконска долина“, е дом на некои од најголемите кинески високотехнолошки компании како Хуавеј (Huawei), Тенцент (Tencent) и ЗТЕ (ZTE).

Високите прозорци во ултрамодерниот кварт Наншан се силно осветлени до најгорните катови, дури и доцна навечер. Луѓето вработени во околу 4.000 високотехнолошки старт-ап-и не спијат. Тука се развиваат, истражуваат и експериментираат нови производи.

Една од тие компании е „Елефант Роботикс“ (Elephant Robotics), основана пред седум години. Овој старт-ап експериментира со вештачка интелигенција, а понекогаш користи чипови од странство.

Роботска рака со големина на детска рака подредува шарени дрвени коцки во различни кутии. По команда, роботот може да разликува црвена дрвена коцка од зелена. За американските санкции, Киу Лиша, кој е одговорен за странскиот пазар на старт-ап, вели: „Меѓународните санкции досега имаа одредено влијание врз нас - особено кога почнаа санкциите за микрочиповите, нивната цена експлодираше, па Финансискиот притисок врз нас во тоа време беше многу голем“.

Страв од најсовремените чипови во кинеското оружје

Од октомври минатата година, американската влада воведе нови ограничувања за извозот. Намерата е да се спречи Кина да увезува и произведува најнови високотехнолошки микрочипови. На санкциите им се приклучи и Холандија, која е сопственик на ASML, компанија која произведува машини за производство на чипови. Неодамна им се придружи и Јапонија.

„Мислам дека главната цел е да се осигураме дека Кина не може да користи големи количества од овие специјални чипови за вештачка интелигенција, особено воена вештачка интелигенција“, објаснува Антонија Хмаиди. Таа работи во берлинскиот истражувачки институт „Мерикс Кина“ и го анализира развојот на индустријата за чипови и вештачката интелигенција во Кина.

Хамаиди вели дека Кина сè уште не може сама да произведува чипови со високи перформанси помали од седум нанометри. Меѓународните експерти сметаат дека еден од најголемите предизвици за Кина е замената на машините за производство на чипови - тие доаѓаат од странство, а без нив не е можно производство на најсовремени чипови.

Колку навистина предност има Западот?

Сепак, смета Хмаида, Кина не е целосно беспомошна. „Речиси сè што може да се направи со новите чипови може да се направи и со чиповите од постарата генерација.“ Потребна е повеќе електрична енергија, повеќе ресурси и повеќе пари, но Хмаиди е уверена дека кинеската индустрија ќе најде начини да се справи со санкциите.

Освен тоа, додава таа, не може да се контролираат сите чипови во светот.

„Ако зборуваме за 1.000 или 10.000 чипови, тогаш кинеската компанија која е позиционирана на меѓународно ниво секогаш ќе добие нешто од тоа“, вели берлинската експертка. Во најлош случај, транспортот се одвива низ три земји.

Кинеските експерти како Синг Јукинг, кој моментално истражува во јапонскиот институт GRIPS во Токио, претпоставуваат дека нема да помине долго додека Кина не може сама да произведува чипови со високи перформанси. „Санкциите ќе ги принудат кинеските компании да направат сопствено истражување, за што е потребно повеќе време и пари“, вели професорот по економија.

Сепак, други познавачи на ситуацијата се скептични за ова прашање. Тие нагласуваат дека и конкуренцијата постојано се развива, па не е сигурно дали Кина некогаш ќе успее да го достигне тој развој.

Војната не е во ничиј интерес

Деведесет проценти од најнапредните микрочипови се произведени во Тајван. Кина ја гледа оваа земја како своја територија и постојано се заканува со воена интервенција.

Сепак, Антонија Хмаиди верува дека токму чиповите со високи перформанси би можеле до одреден степен да го заштитат Тајван од воен конфликт. Блокирањето на синџирите за снабдување околу Тајванскиот теснец економски би влијаело на сите, вклучително и на САД, кои обезбедуваат воена поддршка на Тајван.

Дополнително, според Хмаиди, ниту Кина, ниту САД, не се подготвени за воен конфликт:

„Двете страни се уште се многу заинтересирани да не влегуваат во воен конфликт сега.“ И САД и Кина, всушност, веруваат дека сè уште мора значително да ја подобрат својата воена опрема за да бидат сигурни дека можат да победат во евентуална војна, вели германскиот експерт.

Сепак, инцидентот на почетокот на јуни покажува колку е тензична ситуацијата. Кинески воен брод принуди американски разурнувач да го смени курсот во Тајванскиот теснец. Набљудувачите предупредуваат дека ваквите инциденти се се почести и дека тоа може да доведе до некаква ненамерна ескалација.

Хаос на аеродромите во Британија: Заглавени илјадници патници поради компјутерска грешка(ВИДЕО)

Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка кај граничните служби.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите, пишува Дејли мејл.

Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.

Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците дека ова е национален проблем.

Една патничка изјавила за Дејли Мејл дека чекала во ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.

Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.

Хамас планира да предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници кои се меѓу 33-те за кои велат дека ќе бидат ослободени во првата фаза од предложениот договор за прекин на огнот.

Во извештајот, во кој се цитираат две лица блиски до преговорите за договорот, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека не се сите живи оние што требаше да бидат ослободени, пишува Њујорк Тајмс.

Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми.

Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласиле со помалку од 40-те луѓе што првично ги барале, со разбирање дека сите што требало да бидат ослободени се живи. Хамас синоќа соопшти дека го прифатиле договорот предложен од посредниците. Израел, пак, оцени дека договорот е многу различен од она на што се согласила земјата.

Претставници на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучува 42-дневно примирје и ќе ослободат 33 израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да продолжат со преговорите со американските, египетските и катарските посредници.

Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но не се знае дека сите се живи. За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени сто и пет цивили, а пред тоа четворица.

Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 од нив беа пронајдени, меѓу кои и тројца кои војниците по грешка ги убиле.

Израелската војска ја потврди смртта на 35 заложници кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците кои дејствуваат во Газа.

Австралискиот превозник Квантас продавал билети на откажани летови- 100 милиони долари казна

Qantas постигнал договор со австралиската влада за надзор на потрошувачите да плати повеќе од 60 милиони долари казни за продажба на билети на откажани летови.

Превозникот, исто така, се обврзал на дополнителна компензација за патниците на кои им продавале билети за „непостоечки“ летови.

Qantas и Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC) спогодбено ги решија судските постапки кои се во тек од август минатата година. ACCC започнале правна битка против Qantas за рекламирање и продажба на билети за летови откажани од авиокомпанијата.

Комисијата тврди дека Qantas продал билети за повеќе од 8.000 летови помеѓу мај и јули 2022 година, во просек две недели, а во некои случаи и 47 дена по нивното откажување, пренесува Aero Time.

Најголемата австралиска авиокомпанија во октомври минатата година соопшти дека биле направени одредени грешки, но дека ACCC „ја игнорира реалноста на авиоиндустријата“. Авиокомпанијата ги отфрли тврдењата дека продавала билети за т.н. непостоечки летови.

По неколку месеци расправија, двете страни конечно постигнаа пријателско решение. Qantas вчера објави дека се согласиле да платат 100 милиони австралиски долари или 66 милиони американски долари казна.

Превозникот ќе им исплати и надомест на патниците во износ од 225 до 450 австралиски долари (150 до 300 американски долари) покрај парите што веќе им ги вратиле за откажаните летови. Во соопштението на Qantas се вели дека компензација во вкупна вредност од 13 милиони долари ќе биде исплатена на повеќе од 86.000 патници.

Извршниот директор на Qantas Group, Ванеса Хадсон, им се извинила на патниците чие „известување за откажување на летот не пристигнало навреме“, признавајќи дека авиокомпанијата не обезбедила соодветна поддршка на патниците.

притисни ентер