Андоновска: Бујар Османи ја искористува позицијата министер за собирање предизборни поени

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја искористува позицијата на министер за собирање на поени како канидат за претседател на Република Македонија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја искористува позицијата на министер за собирање на поени како канидат за претседател на Република Македонија, вели носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Андоновска смета дека Отворен Балкан е добра организација, од која Македонија и граѓаните имаат придобивки.

-Ако имате недостиг на лекари во југот на Србија, можат нашите лекари да одат да работат таму, или обратно. Добивка има пазарот на труд, значи за ситни политички поени пред избори не треба да се искористуваат овие прашања, истакна Д-р. Андоновска.

- Јас сум апсолутно сигурна дека сами можеме да изградиме систем, без Европската унија, а најголемите партии кои 30 години се менуваат во Македонија имаа време да спроведат реформи. Имаа и време и луѓе, а тоа што не успеаја е загуба за сите граѓани, истакна Андоновска.

- Три основни столба, од кои мислам дека секој човек што ќе има можност да направи во Република Македонија, се образованието, здравството и судството. Ние имаме едно образование како што имаме, тотално руинирано здравство и судство.

Во образованието, самите вработени во високото образование бараат реформи во однос на апсолутна нивна автономија, кадровска автономија, немаат млади кадри за да се напредува во научна смисла. Одредени катедри имаат нула, или еден или два асистенти. Мора да генерираме квалитетни кадри.

Во однос на судството повторно се почнува од чесни и компетентни личности, не партиски личности, знаеме кај нас како се бираат судиите, знаеме како се елиминираат квалитетни кадри од ЈО, кадешто имавме една одлука дека е дискриминирана една кандидатка во однос на мајчинство, затоа што е мајка на две близначиња. За какви реформи ние во судството зборуваме? Треба да се руши системот за да изградите нов систем, нас системот ни е веќе до дното. Има можност со чесни кадри да се поправи тоа, вели д-р Андоновска.

Таа истакна дека ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ е против промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во Уставот доколку не се затвори целиот пакет за бугарското прашање.

- Ние како коалиција сме против внесување на Бугарите во Уставот, ако не биде комплетно затворен целиот пакет во смисла на националните прашања и јазикот. Проблемот со јазикот е тоа што источните соседи велат дека зборуваме бугарски дијалект и дека сме нација од 1944 година, тоа никогаш не може да помине кај македонскиот надор, тоа што двете големи македонски и сега и албански партии го заговраат, сите ќе ги внесат Бугарите без да го затворат комплетниот пакет, само едните пред, а другите по изборите. Тоа е умирање на рати, значи можете да умрете веднаш, а ова е умирање на рати. ВМРО-ДПМНЕ кокетира затоа што знае дека евроскептицизмот расте, вели Андоновска. Отворање на Уставот е отворање на Пандорината кутија, вели Андоновска.

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес.

За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова. Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ.

Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро.

Центар за комуникации на СДСМ

притисни ентер