Ангеловски најави офанзивна игра против Црна Гора

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски најави борбена, пожртвувана и офанзивна игра на утрешниот дуел со Црна Гора.


- Играме против една квалитетна репрезентација која во Скопје доаѓа во најсилниот состав. Ги почитуваме, но ќе бидеме фокусирани на нашата игра која ќе биде офанзивна и со цел да постигнеме гол повеќе од противникот. Сакам кај моите играчи да наметнат еден нов стил на игра кој ќе биде многу поофанзивен и похрабар. Верувам дека оваа репрезентација на Македонија е составена од квалитетни играчи кои треба да се ослободат од притисокот од минатите квалификации и да го покажат своето вистинско лице. Секој позитивен резултат кој ќе биде остварен, без разлика дали станува збор за пријателски ќе биде од големо значење за подигнување на самодовербата кај играчите. Само со верба во себе и пожртвуваност можеме да се радуваме на победи, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.

И членот на полска Легија, Иван Тричковски смета дека офанзивниот стил на игра треба да донесе и позитивни резултати во националниот состав.
- Ме радуваа фактот што ќе играме офанзивен фудбал. Напаѓачкиот стил на игра треба да ни донесе позитивни резултати. Најголемиот товар ќе биде на нас напаѓачите, бидејќи се очекува да постигнеме повеќе голови со кои ке дојдат и победите, вели Тричковски.

Средбата ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ утревечер од 18 часот.

Наѓ: Унгарија се стреми да биде логистички центар за трговија меѓу Кина и Европа

Кина минатата година беше најважниот трговски партнер на Унгарија надвор од Европа, објави унгарскиот весник „Хирадо“ по повод посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Будимпешта.

Според унгарската влада, фактот што КАТЛ (CATL) тука ја основа својата втора европска фабрика за батерии, а БИД (BID), најголемиот светски производител на електрични автомобили, исто така ја избра Унгарија како локација на својата прва европска фабрика, е показател за довербата на кинеските компании во Унгарија. Изградбата на кинеската фабрика БИД во Сегед е во тек.

-Во Унгарија во моментов успешно работат 380 кинески компании, наведува весникот. Една од нив е фабрика во Будимпешта која произведува додатоци во исхраната.

Според министерот за национална економија, Мартон Наѓ, Унгарија има потреба од добри односи со Кина за да ја зголеми конкурентноста.

-Кина игра сè поважна улога во светската економија. Унгарската влада има за цел да ја направи нашата земја комерцијален и логистички центар за трговија меѓу Кина и Европа. Тоа треба да биде место за средба на источниот и западниот свет, како и на капиталот и високата технологија, рече Наѓ.

Тој изјави дека еден од најважните чекори во ова е реконструкција на железничката линија Будимпешта-Белград.

-Оваа рута ќе обезбеди најбрз транспорт до Западна Европа за стоките што пристигнуваат од Кина до грчките пристаништа преку Унгарија, истакна Наѓ.

Си отпатува за Унгарија по посетата на Србија на 7 и 8 мај, како дел од европската турнеја каде ја посети и Франција.

Норис: Мекларен ќе биде подготвен да се бори за титула идната сезона

Формула 1 тимот Мекларен ќе може да атакува на титулата следната сезона, изјави денеска тимскиот возач Ландо Норис, кој минатиот викенд победи на трката за ГН на САД во Мајами.

Тоа беше прва победа за Мекларен од 2021 година, кога Даниел Рикардо и Норис завршија на првите две места во Монца.

Мекларен е најуспешен тим во историјата на Ф1 според бројот на победи, но нема освоено титула од 2008 година, кога шампион беше Луис Хамилтон.

Одговорајќи на новинарско прашање, дали Мекларен може да се бори за титулите во поединечна и конкуренција на конструктори, Норис рече дека апсолутно е убеден во тоа.

„100%. И на почетокот на годината реков дека можеме да победиме. Сакам да верувам и потребна ми е таа самодоверба за следната година кога ќе можеме да го направиме следниот чекор“, рече Норис.

Агелер: Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на својот профил на X упати честитка по повод победата на Гордана Силјановска Давкова.

„Mоите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Mакедонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите американски држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, напиша Aгелер.

притисни ентер