Британските лабуристи имаат 30 отсто поголема подршка од конзервативците

 Британската опозициска Лабуристичка партија за 30 процентни поени ја зголеми предноста пред Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак, според анкетата на ЈуГов (YouGov) за весникот Тајмс.

Според истражувањето спроведено пред изборит, поддршка од 48 отсто имаат лабуристите, а владејачката партија 18 отсто. Ова е најлошиот резултат за Сунак откако стана премиер пред 18 месеци, пишува Тајмс.

Јазот меѓу двете партии е најголем од октомври 2022 година, кога поддршката за конзервативците се стопи по финансиските тешкотии предизвикани од мини-буџетот на претходничката на Сунак, Лиз Трус.

Ова е прва анкета спроведена по минатонеделните локални избори, на кои и ториевците забележаа лош резултат.

Општите избори во Обединетото Кралство треба да се одржат на крајот на годината.

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Привремениот либански премиер Наџиб Макати прогласи тридневна жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговите сопатници.

- Во периодот на жалост знамињата ќе бидат на половина копје на сите јавни администрации, институции и општини, објави агенцијата ННА.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан се урна вчера во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај нив загинаа уште седум лица. ј

Седумнаесетгодишник гласал осумпати за Моди на изборите во Индија

Индиската полиција денеска уапси 17-годишник кој гласал осумпати за владејачката партија на премиерот Нарендра Моди, додека опозициските партии негодуваа поради наводна измама на гласачите на тековните национални избори.

Изборната комисија на Индија ги суспендираше претставниците на избирачките места и нареди ново гласање на избирачкото место откако видеото на малолетникот на кое тој гласа за хинду националистичката партија Бхаратија Џаната (БЈП) стана вирално.

„Ова е второ гласање“, вели момчето, насмевнувајќи се кон камерата на неговиот телефон откако го притисна копчето за електронска гласачка машина за кандидатот на БЈП во Утар Прадеш, најнаселената држава во Индија.

„Сега погледнете! Ова е мој трет глас... сега гласав веќе петпати, сега одам по шести пат“, додава тој по секое притискање, пред конечно да престане по осмиот пат.

Според законите на Индија, гласач може да биде лице со наполнети 18 години.

„Го приведовме малолетникот и тој го потврди за она што беше видливо за сите на виралното видео“, изјави заменик-началникот на полицијата Дананџај Синг Кушваха.

„Ни кажа дека гласал осумпати и притоа се снимал“, додаде тој.

За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури

Реваншот, кој е предвиден во договорот за борбата меѓу апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик (22-0) и поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1), треба да се одржи на 12 октомври.

Реваншот, кој е предвиден во договорот за борбата меѓу апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик (22-0) и поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1), треба да се одржи на 12 октомври - пет месеци од датум првата борба.

Ова го објави инсајдерот Мајкл Бенсон на социјалната мрежа Х.

Усик викендот во Кингд Арената во Ријад, Саудиска Арабија го победи Тајсон Фјури (34-1) и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија, освојувајќи шест појаси: четири мајор (ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО) и два помали (ИБО и Ринг).

Така, Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година, а воедно и првиот во ерата на четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше неприкосновен светски шампион во тешка категорија.

притисни ентер