Арсовска: Да, треба и важно е да пристапиме кон ЕУ. Андоновска:Апсолутната власт е корумпирана.

Носителите на листи во ИЕ 1 Данела Арсовска и Добрила Андоновска, гости во Само Вистина.

Андоновска:

Министерот за надворешни работи се фокусира наместо кон државата кон неговите гласачи. Да тргнете кон Отворен Балкан и да застанете поради лични желби или собирање поени, тоа не е во ред. Прво тргна со услов за влез во Влада да се прифатат уставни измени, па со бирање Претседател на државата во Собрание, а до крај нанкампањата ќе видиме уште колку услови ќе се постават. До сега, големите партии имаа и време и кадри да спроведат реформи, а целат само да ја припојат власта кон себе, ние секојдневно го рушиме системот. Апсолутната власт е апсолутно корумпирана.

Арсовска:

Политичарите носат политики за кои граѓаните немале можност да кажат дали се ЗА или ПРОТИВ, се носат одлуки за нешто за кое не добиле доверба од граѓаните на избори. Нашата цел е ЕУ и местото каде што природно припаѓаме и во дел на економијата и во регулативата целиме натаму. Се занимаваме со споредни работи наместо системски да си ги решиме проблемите. Сите политички елити имале триесет години да го изградат системот, едни станувале, други седнувале на фотелјата. Имаме хармонизирано законодавство, нема имплементација. Да, треба и важно е за нас да пристапиме кон ЕУ поради нашите перспективи.

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес.

За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова. Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ.

Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро.

Центар за комуникации на СДСМ

притисни ентер